ФУНКЦИЈА И ЛУКСУЗ: МАСЕРАТИ, МОТОРНИ САНКИ И МЕРЦЕДЕСИ ВО ВОЗНИТЕ ПАРКОВИ

ФУНКЦИЈА И ЛУКСУЗ: МАСЕРАТИ, МОТОРНИ САНКИ И МЕРЦЕДЕСИ ВО ВОЗНИТЕ ПАРКОВИ
  • Кочо Анѓушев со најлуксузен возен парк вреден 200 илјади евра
  • Борис Змејковски поседува дури 11 возила вредни 125 илјади евра
  • Само девет пратеници и тројца министри немаат автомобили

 

Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ

 

Актуелните функционери може да се пофалат со шаренолик возен парк. Освен автомобили, тие поседуваат моторни чамци, моторни санки за снег како и мотоцикли, веспи и трактори. Според направената анализа од имотните состојби објавени на Државната комисија за спречување на корупција, во просек, секој од пратениците има по два автомобили, а секој од министрите поседува возен парк вреден 20.000 евра.

Кочо Анѓушев го поседува најлуксузниот возен парк помеѓу функционерите. Неговото Масерати ГТ, Порше Кајен, Моторниот чамец Регал и Мини Кантрименот на неговата сопруга се вредни цели 200.000 евра.

Веднаш зад него е пратеникот Борис Змејковски кој што има на располагање дури единаесет возила. Змејковски е единствениот пратеник кој поседува моторна санка за снег „Поларис“ вредна 4.065 евра, како и глисер чија вредност е проценета на 9.756 евра. Тој располага со пет автомобили меѓу кои: Ауди Q5, Ауди Q7, Голф 4, Сеат Леон и Тојота Ланд Крузер. Покрај ова, тој има и три мотоцикли, Хонда Голдвинс, Сузуки, Хонда Голдвинс, како и трактор Голдони. Возниот парк на Змејковски е вреден 125.041 евра.
Зад Змејковски, пак, е министерот Крешник Бектеши и неговиот возен парк вреден 64.927 евра а составен од Хјундаи тускон, Голф 4 и Мерцедес бенз ЦЛС.

Четвртото место му припаѓа на пратеникот Сашо Василевски. Во неговото семејство најчесто се вози Мерцедес. Василевски има Мерцедес од 13.000 евра, додека пак, неговата сопруга вози Мерцедес Б од 6.500 евра како и Тојота Јарис од 3.250 евра. Родителите на Василевски имаат два Мерцедеса од 3.250 односно 9.920 евра. Тој исто така поседува и Моторен чамец Сиреј од 8.130 евра. Возниот парк на Василевски е вреден 44.050 евра.
Пет моторни возила поседува пратеникот Сашко Атанасов. Тој има три автомобили, и тоа: Тојота Јарис, Мицубиши Лансер и Мерцедес ЦЛА 200, вкупно вредни 21.350 евра. Неговите родители имаат товарно возило застава од 1.300 евра, како и трактор Фергусон кој е проценет на 3.570 евра. Возниот парк на Атанасов е вреден 36.220 евра.

Помеѓу пратениците, автомобили не се евидентирани во имотите на Ивана Туфегиќ, Ирена Стефоска, Бранко Маноиловски, Венковер Манчев, Антонио Милошоски, Никола Груевски, Нада Ципушева,Магдалена Манаскова и Драган Данев. Додека, кај министрите Зоран Заев, Радмила Шеќеринска Јанковска и Роберт Поповски немаат пријавено автомобил.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php