Агим Шаќири

img

Агим Шаќири

Пратеник

Биографија

Пратеникот Агим Шаќири е член на партијата ДУИ. Тој е роден на 13 октомври 1980 година во Струга. Шаќири е дипломиран економист, Маркетинг и финансиски менаџмент, Меѓународен универзитет во Струга.

Активности во Собранието:

  • Буџетски совет, член
  • Комисија за економски прашања, заменик-претседател
  • Комисија за труд и социјална политика, член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член
  • Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, заменик-член
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член
  • Комисија за локална самоуправа, заменик-член
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија, член

Имотна состојба

6.829 евра
3.252 евра

Пратеникот Агим Шаќири  има изјавувано дека поседува две моторни возила, Мерцедес Бенз од 1.951 евра и Голф 5 ТДИ од 4.878 евра. Тој има и кредит од 3.252 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Агим Шаќири изнесува 10.081 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Во изјава за СКУП на прашањето дали е тоа неговата имотна листа и дали има промени во истата, пратеникот одговори:

„Има промена во имотната состојба со тоа што пред некоја недела голфот го заменив со друго возило Мерџедес 2006 година со доплата. Другото е исто со тоа што месечно враќам на прикажаниот кредит ануитет“.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 55 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 19 закони и 20 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 1
  • Број на излагања на пленарна седница: 4 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 8
  • Работни тела член/присуство/одржани: 3/13/18
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/43/65
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 203/0/275/94

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 66.276 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 463.932  денари или 7.544 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 513.655 денари или 8.352 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 373 евра

 

 

 

 

css.php