Аднан Ќахил

img

Аднан Ќахил

Mинистер без ресор задолжен за странски инвестиции

Биографија

Аднан Ќахил е роден на 3 февруари 1960 во Скопје. Тој зборува турски, македонски, англиски и албански јазик. Дипломирал на Природно-математички факултет, група хемија, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1984 година. На истиот универзитет во 2003 година го одбранил својот магистерски труд, додека својот докторски труд го одбранил во 2008 година.

Од 1998 година до 2000 година и од 2006 година до 2008 година е назначен за министер без ресор во Владата на Република Македонија, додека од 2000 година до 2002 година е назначен за државен советник на претседателот на владата и 2002 година до 2006 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 1984 година работел во „ОХИС“ – Скопје како процесен инженер, а потоа од 1987 година до 1990 година и како главен инженер во погонот Бахем. Во периодот од 1984 година до 1986 година бил наставник во О.У. „Тефејјуз“ Скопје. Од 1990 година до 1998 година формирал приватна фирма и работел како нејзин директор. Паралелно предавал хемија во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје, додека од 1998 година е предавач на Педагошкиот факултет во Скопје. Има објавено над 35 научни трудови кои што се прикажани во светски рангирани списанија со импакт фактор.

Аднан Ќахил е и активен спортист со резултати на европско ниво, носител на 5-ти Дан црн појас во карате, меѓународен инструктор на ВСКФ федерацијата за Европа во Токио, тренер во карате клубот Вардар со кој има достигнувања во европски правци. Покрај тоа, во периодот од 1998 година до 2001 година е избран за Потпретседател на Карате Асоцијацијата на Македонија.

Имотна состојба

12.358 евра
317.073 евра
10.554 евра
9.756 евра
Министерот Аднан Ќахил пријавил дека поседува стан во Скопје вреден 81.301 евра, автомобил „Мерцедес Е“ класа вреден 2.602 евра и Форд Мондео вредно 9.756 евра.

Како личен имот има и девизи 60.000 евра од вратен долг.
Неговата сопруга, освен станот во Скопје вреден 97.561 евра, поседува и накит од 9.756 евра. Таа има и платежни картички во вкупна висина од 9.578 евра.

Родителите на Ќахил располагаат со деловен простор во Скопје вреден 40.650 евра, како и куќа со двор која се наоѓа исто така во Скопје и е вредна 97.561 евра.

Вредноста на имотниот лист на Аднан Ќахил изнесува 408.765 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната изборна комисија за спречување корупција. 

css.php