Аксел Ахмедовски

img

Аксел Ахмедовски

Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија

Биографија

Аксел Ахмедовски е роден 12.12.1964 година во Делчево. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Правниот стаж го поминал во Основниот суд во родниот град, Делчево, а своето професионално искуство го надоградува како вработен во „ЦИП“ ДООЕЛ – Скопје и во „Палтекс“ ДООЕЛ – Делчево, каде работел како правник.

Ахмедовски е и основач, претседател на Управниот одбор и правен советник на невладината организација „КХАМ“ од Делчево, исто така е и лиценциран агент за регистрирање на правни субјекти, и лиценциран правник за давање на бесплатна правна помош преку Министерството за правда и Адвокатската комора на Република Македонија.

Во периодот од 2008-2009 година е член на Координативното тело за превенција од илегална трговија со луѓе, а од 2009-2012 година е член на Коалицијата за правично судење.

Имотна состојба

Министерот Аксел Ахмедовски го нема пријавено својот имотен лист на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција.

css.php