Александар Кирацовски

img

Александар Кирацовски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Александар Кирацовски е роден на 23 февруари 1983 година во Битола. Дипломирал на техничкиот факултет при универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола на машинскиот отсек во 2007. Кирацовски бил потпретседател на Социјалдемократска младина на Македонија во периодот 2010–2012, а пред тоа и претседател на битолскиот огранок на СДММ во периодот 2008–2010. Повремено пишувал колумни во дневниот весник „Дневник“. Кирацовски бил дополнителен заменик-министер во министерството за информатичко општество и администрација во техничката влада на Емил Димитриев во периодот 2015–2016, а потоа бил избран за пратеник на парламентарните избори во 2016 како втор носител на листа на СДСМ во петтата изборна единица, каде партијата освоила девет мандати. На партискиот конгрес во јуни 2017 тој бил именуван за генерален секретар на СДСМ, откако во претходниот мандат 2013–2017 бил потпретседател на партијата.

Активности во Собранието:

  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, претседател;
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската федерација, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација, член.

Имотна состојба

11.353 евра
183.984 евра
65.252 евра

Александар Кирацовски има изјавувано дека поседува Скутер вреден 390 евра и автомобил Шкода Октавиа од 9.500 евра. Тој во април 2015 добивал и рента од деловен простор во висина од 275 евра, а годишно добива и 390 евра хонорар по основ на авторски договор. На кредитната картичка има 1.789 евра и има лизинг од 7.819 евра.
Неговата сопруга има кредит од 42.133 евра, додека пак, родителите на Кирацовски имаат кредит од 11.870 евра. Тие поседуваат стамбено деловен објект во Битола вреден 123.984 евра и стан вреден 60.000 евра. Имаат автомобил Рено Клио вреден 1.463 евра и земаат приходи од трговија во висина од 976 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Александар Кирацовски изнесува 260.588 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Промена забележана на 19.2.2019 година:

Отстрането е автомобилот Шкода Октавиа, а додаден е Фоклсваген Голф 7 2014/2018.

Медиумска изложеност

Во врска со скандалот за вработувањата на блиски роднини и пријатели на државни функционери, се најде и таткото на сопругата на Александар Кирацовски. Борче Поповски е вработен во ЕЛЕМ. Тој работи во „Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕЛЕМ – Скопје”. Ова за ТВ 24 го потврдија и од ЕЛЕМ и Кирацовски кој сепак тврди дека тој е ангажиран преку приватна агенција и дека тоа е посебна фабрика, која не е ЕЛЕМ.

„Не е точно. Таткото на мојата сопруга е вработен во ДООЕЛ ФОД-Фабриката за опрема и делови преку приватна агенција за вработување. Претходно работел во фабриката Киро Дандаро, а сега работи во алатницата на фабриката за опрема и делови“ – изјави Кирацовски.

На прашањето дали имал влијание за вработувањето на неговиот дедо, Кирацовски одговори:

„Со индигнација ги отфрлам грубите инсинуации и алудирањето дека како функционер сум го вработил. Не е ни некоја солидна работа со која може да се пофали човек“.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеникот Александар Кирацовски во Централниот Регистар на Република Македонија е регистриран лице одговорно за материјално финансиско работење на политичката партија во Политичка партија СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА Скопје.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 54 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 1 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 9 закони и 13 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 5
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/25/26
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 0/0/0
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 122/0/236/63

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 66.768 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 467.376 денари или 7.600 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 396.550 денари или 6.448 евра.
css.php