Алија Камбероски

img

Алија Камбероски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Алија Камероски е роден на 27 септември 1966 година во с. Лабуништа, Струга. По професија е дипломиран шумарски инженер на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“.

Активности во Собранието:

  • Законодавно-правна комисија, член;
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член;
  • Комисија за локална самоуправа, член;
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член;
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член.

Имотна состојба

8.130 евра
227.642 евра
14.634 евра
172.358 евра

Алија Камбероски има наведено дека поседува автомобил Цитроен Ц5 вреден 8.130 евра и кредит од 14.634 евра. Неговите поседуваат имот во село Лабуништа и тоа: двор вреден 32.520 евра, земјоделско земјиште вредно 162.602 евра, куќа вредна 195.122 евра и пасиште вредно 9.756 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Алија Камбероски изнесува 422.764 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

 

 

 

Медиумска изложеност

Истражувањето на СКУП покажа дека македонските пратеници се лидери во регионот за патни трошоци, меѓу нив, прв на листата е пратеникот Алија Камбероски.

И другите медиуми, како „Макфакс“  објавија дека Алија Камбероски е прв на листата на топ 20 пратеници според потрошените средства за патни трошоци за 2017 година.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 55 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 2 закони и 0 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 1
  • Работни тела член/присуство/одржани: 3/52/60
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/13/28
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 172/0/263/81

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 69.352 денари (со исклучок на месеците јуни и јули кога земал плата од 69.660 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 486.080 денари или 7.904 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 785.520 денари или 12.773 евра.
css.php