Али Ахмети

img

Али Ахмети

Пратеник

Биографија

Пратеникот Али Ахмети е член на партијата ДУИ. Тој е роден на 4 јануари 1959 година во с. Зајас, Кичево. Образование: Педагог.

Пратеникот Ахмети претходно бил политички лидер на ОНА.

 

Имотна состојба

7.000 евра
88.264 евра
12.333 евра
26.479 евра

Пратеникот Али Ахмети има пријавено земјоделско земјиште вредно 30.000 американски долари, куќа во Кичево вредна 100.000 америкаски долари и трансакциона сметка од 12.333 евра. Неговата сопруга има автомобил Фолксваген Поло вреден 7.000 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Али Ахмети изнесува 134.076 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Истражувања

Во истражувањето ДРЖАВА НА БОГАТИТЕ ЛИДЕРИ од мај 2015-та година СКУП открива дека Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, поседува околу 140 илјади евра (или поточно 138.276 евра), од кои недвижен имот во вредност од 120 илјади, околу 12 илјади евра банкарски депозити и подвижен имот во вредност од 7 илјади евра.

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 41 
  • Број на отсуства: 9 оправдани и 5 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 1 закони и 0 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 0
  • Работни тела член/присуство/одржани: 0/0/0
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 0/0/0
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 179/0/119/60

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 67.179 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 470.379 денари или 7.648 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 89 евра

 

css.php