Амди Бајрам

img

Амди Бајрам

Пратеник

Биографија

Пратеникот Амди Бајрам е роден на 30 август 1956 година во Скопје. Има завршено средно трговско училиште, а извесно време бил генерален директор на текстилното претпријатие „Шутекс“. Бајрам во 1994 станал пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник. Во 1996 ја основал Сојуз на Ромите на Македонија (СРМ) и бил назначен за нејзин претседател. Во периодот 1994–1998 бил во коалиција со владејачката СДСМ.

Во периодот 1998–2002 ја поддржувал владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски. При гласањето доверба на владата на Георгиевски по барање на лидерот на опозицијата Црвенковски во декември 2000, владата опстоила поради гласот на Бајрам, по што тој изјавил дека им дал „гол со пета“ на СДСМ и дека неговата партија „секогаш е со власта“. Бајрам во 2004 бил обвинет за кражба на платно од штипската фабрика „Македонка“ вредно 750 илјади евра. Тој првично бил осуден на 7-годишна казна затвор, која потоа му била намалена на 4 години. На локалните избори во 2005, додека пресудата уште не била правосилна, се кандидирал за градоначалник на Шуто Оризари. Иако победил, бил градоначалник нецел месец бидејќи бил однесен на издржување затворска казна во затворот во Штип. Во 2007 казната му била намалена за шест месеци од претседателот Црвенковски, а во 2008 излегол од затвор.

По напуштање на затворот повторно влегол во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски. Додека партиципирал во коалицијата на Груевски, Бајрам вербално се конфронтирал со повеќемина пратеници на СДСМ. Бајрам ја прекинал коалиција со ВМРО-ДПМНЕ откако партијата заминала во опозиција по парламентарните избори во 2016 и изразил желба да премине во парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на премиерот Зоран Заев.

Амди е татко на политичарот Елвис Бајрам кој бил градоначалник на Општина Шуто Оризари во периодот 2009–2017.

Активности во Собранието:

  • Комисија за локална самоуправа, член;
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член;
  • Комисија за труд и социјална политика, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Големото Војводство Луксембург, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член.

Имотна состојба

29.756 евра
29.756 евра

Амди Бајрам пријавил дека поседува возило Пежо 4007 вредно 29.756 евра, додека пак неговиот син има кредит во висина од 29.756 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Амди Бајрам изнесува 59.512 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016-та година СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањата на пратениците.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 47 
  • Број на отсуства: 6 оправдани и 2 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 0 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 9
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 2 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 0
  • Работни тела член/присуство/одржани: 1/0/2
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/0/15
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 125/0/167/42

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.352 денари (со исклучок на периодот април-јули 65.659 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 458.692 денари или 7.458 евра.
css.php