Анета Симеска Димоска

img

Анета Симеска Димоска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Анета Симеска Димоска е родена на 13 март 1970 година во Прилеп. По професија е дипломиран инженер технолог, на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

Активности во Собранието:

  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член;
  • Комисија за уставни прашања, член;
  • Комисија за економски прашања, заменик-член;
  • Комисија за локална самоуправа, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, член.

Имотна состојба

6.829 евра
39.837 евра
12.195 евра

Анета Симеска Димоска изјавила дека поседува автомобил Голф 1.9 вреден 4.878 евра и кредит од 9.756 евра. Нејзиниот сопруг поседува имот во Македонски брод и тоа куќа вредна 19.512 евра, куќа со помошни простории вредна 5.691 евра и деловниот простор вреден 14.634 евра. На негово име се водат автомобилот Опел Комбо вреден 1.951 евра и кредит од 2.439 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Анета Симеска Димоска изнесува 58.862 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Анета Симеска Димоска во изјава за СКУП во ноември 2018 година потврди дека тоа е нејзината имотна листа и во истата нема промени.

Медиумска изложеност

Анета Симеска Димоска во медиумите се најде на листата пратеници кои имале патни трошоци над 10.000 евра за шест месеци во 2018 година.

Во јануари 2018 година, Собранието ја отповика Симеска Димоска од позицијата неизвршен член на Одборот на директори на компанијата „Македонски телеком“.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 55 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 19 закони и 32 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 2
  • Број на излагања на пленарна седница: 6 дискусии на пленарна седница, 5 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 17
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/26/26
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/17/20
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 169/0/264/80

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 69.660 денари 
  • Во период од јануари до јули вкупно земалa: 487.620 денари или 7.929 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 622.935 денари или 10.129 евра.
css.php