Антонијо Милошоски

img

Антонијо Милошоски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Антонијо Милошоски е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден на 29 јануари 1976 година во Тетово. Зборува англиски и германски јазик. Во 1999 година Милошоски дипломира на Правниот факултет во Скопје а во 2002 година завршува магистерски студии по евроинтеграции на Универзитетот „Fridrich Wilhelm” во Бон, Германија.

Од ноември 2002 година е докторант на политички науки на универзитетот „Gerhard Merkator” во Дујсбург, Германија, каде работел како научен соработник до 2006 год, кога прво бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, а потоа и за Министер за надворешни работи на Република Македонија.

Од 1999 – 2000 година Антонио Милошоски е шеф на кабинетот на потпретседателот на Владата на Република Македонија, Доста Димовска. Од мај 2000 до септември 2001 година е портпарол на Владата на Република Македонија. Од 2006 година е Министер за надворешни работи на Република Македонија. По Парламентарните избори во 2011 година изјавил дека се повлекува од местото министер за надворешни работи.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Национален совет за евроинтеграции, член
  • Комисија за надворешна политика, претседател
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
  • Комисија за европски прашања, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, потпретседател
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, член

Имотна состојба

204,089 евра
162,524 евра

Антонио Милошоски како личен имот на својата имотна листа има наведено: месечна кирија во износ од 262 евра, приход од продажба на недвижен имот-стан во износ од 47.883 евра, приход од рента за стан во Ахен од 99 евра, плата и заштеда и приход од кирија за кои не е наведен износот и животно осигурување со годишна уплата и штедење во износ од 992 евра. На име на брачниот другар има наведено Сопственички удел во износ од 2.496 евра и плата и заштеда без наведен износ. Како заеднички имот е наведен стан со тераса, гаража и подрум вреден 154.496 евра, свадбен паричен подарок во износ од 10.000 евра и кредит од 204.089 евра.

Вредноста на имотот на Антонијо Милошоски изнесува 366.613 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Медиумска изложеност

Во медиумите се пишуваше за една од објавените снимки на опозицијата, гласовите за кои СДСМ тврди дека се на Груевски и на поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, се слушаат различни предлози за името и за тоа дали тие ќе бидат прифатливи за македонската јавност.

Бомба 33: Послушајте патриоти – преговори за името – Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Зоран Јолевски

 

 

Истражувања

Во истражувањето на СКУП – ПРАТЕНИЦИ: ПОЕВТИНО ДО ДУБАИ ОТКОЛКУ ОД ОХРИД ДО СКОПЈЕ, според податоците на собраниската сметководствена служба, во првите 11 месеци на 2014 година за патни трошоци на пратениците се исплатени 60.302.260 денари (околу 1 милион евра). Овие трошоци се направени од мај 2013 година до септември 2014. Само да споменеме дека во 2014 година имаше избори и 2-3 месеци Собранието не работеше.

Пратеникот Антонио Милошоски од Кичево, до Скопје, наплаќа толку пари, колку да патува за Белград. Нему му следуваат по 4.000 денари за одење и враќање од „далечното“ Кичево.

Сепак, пратеникот Милошоски, за „Инбокс 7“ појасни дека тој не ги зема овие пари бидејќи нему како потпретседател му следува возач по службена должност.

Но, изјавата на Милошоски не се поклопува со фактичката состојба во собраниската благајна. Од таму велат дека во првите 11 месеци за 2014 година, на име патни трошоци му се исплатени 6.500 евра.

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 13
  • Број на отсуства: 37 оправдани и 5 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 2 закони и 20 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 1 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 3 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 2
  • Работни тела член/присуство/одржани: 5/3/41
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/0/26
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 1/0/5/7

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 70.670 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 494.690 денари или 8.044 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 120 евра
css.php