Арбер Адеми

img

Арбер Адеми

Министер за образование и наука

Биографија

Арбер Адеми е роден на 25 септември 1985 година во Куманово. Тој е женет и има две деца. Зборува албански, македонски и англиски јазик. Адеми е магистер на студии по право – граѓански смер при Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, додека докторските студии ги завршил на Правниот факултет, Универзитет во Тирана, Албанија и е доктор на правни науки – докторска дисертација: „Решавање на трговски спорови пред меѓународна трговска арбитража“.

Адеми бил доцент на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово. Од декември 2017 до мај 2018 е Заменик министер за образование и наука, а од 2016 до 2017 е Заменик Претседател на Владата на Република Македонија за европски прашања. Во 2013 година Адеми бил член на работна група за изготвување на Законот за општа управна постапка како и член на тим за експерти за изготвување на сет на измени во законодавството за рамномерен регионален развој. Од јули 2010 година Адеми е асистент со полно работно време на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово. Од април 2010 до октомври 2010 бил консултант на министерот за труд и социјална политика. Во 2009-2010 работи како асистент со полу работно време на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, а 2009-2012 истата функција ја има на Факултетот за бизнис администрација, при Универзитетот во Тетово. Од 2009 до 2012 е продекан за наставни прашања на Факултетот за бизнис администрација при Универзитетот во Тетово.

Имотна состојба

24.390 евра
158.098 евра
8.012 евра
4.878 евра
Министерот Арбер Адеми како личен имот пријавил дека поседува орочен денарски депозит во износ од 508 евра и средства во готово во износ од 6.504 евра.

Неговата сопруга има златен накит вреден 4.878 евра, орочен денарски депозит од 1.000 евра и автомобил Фолксваген Голф 5 вреден 4.878 евра.

Родителите на Адеми имаат куќа со двор во Куманово која вреди 81.301 евра. Тие, исто така располагаат со два стана со помошни простории во Куманово од 35.301 евра, односно 41.496 евра. Нивниот автомобил Фолксваген Бора вреди  2.439 евра, а имаат и акции.

Братот на Адеми поседува 3 моторни возила и тоа: товарно возило Цитроен Џампер, Фолксваген Крафтер и Фолксваген Пасат, кои вкупно вредат 17.073 евра.

Вредноста на имотниот лист на Арбер Адеми изнесува 195.378 евра и истата е пресметана според податоците објавени од веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Од кабинетот на Арбер Адеми во изјава за СКУП на 9.11.2018 година ја потврдија неговата имотна листа и додаваат дека во истата нема промени.
Оттаму посочуваат дека средствата во висина од 400 илјади денари наведени на ДКСК, се стекнати по пат на лична заштеда.

Медиумска изложеност

Медиумите во Македонија пишуваа дека министерот Арбер Адеми склучил договори во четири очи за набавка на учебници.

 

css.php