Артан Груби

img

Артан Груби

Пратеник

Биографија

Пратеникот Артан Груби е член на партијата ДУИ. Тој е роден на 7 јуни 1977 во Скопје. Груби е Доктор по политички науки; магистер по комуникологија, Универзитет „Кирил и Методиј“ – Скопје.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Национален совет за евроинтеграции, член
  • Комисија за европски прашања, претседател
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
  • Комисија за надворешна политика, заменик-член
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, потпретседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, член

Имотна состојба

12.000 евра
100.000 евра
1.025 евра

Пратеникот Артан Груби има пријавено стан во Скопје вреден 100.000 евра, две моторни возила Цитроен Ксара од 1.000 евра и Ауди А6 од 11.000 евра. Тој има и девизен депозит од 700 евра и трансакциона сметка од 325 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Артан Груби изнесува 113.025 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеникот Артан Груби во Централниот Регистар на Република Македонија е наведен како сопственик на Здружение на граѓани МЕДИУМСКИ ЦЕНТАР АЛБ ЊУЗ Скопје и претседател на Заедница за сопственици на станбена зграда на ул Струмичка бр.5 влез 2 Чаир Скопје кое во моментов не е активно.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 46 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 9 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 1 закони и 9 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 7 дискусии на пленарна седница, 4 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 17
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/13/18
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 3/5/41
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 125/0/146/86

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 70.021 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 490.147 денари или 7.970 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 611 евра

 

css.php