Асаф Адеми

img

Асаф Адеми

Министер за култура

Биографија

Асаф Адеми е роден на 9 април 1980 година. Зборува македонски, албански, англиски, турски, српско-хрватски јазик и има основни познавања од дански јазик. Адеми е дипломиран градежен инженер на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во неговата биографија се наведени повеќе меѓународни проекти работени со УНДП, УСАИД, МААСП, ЛОПАД, ЕАР, ГИЗ, а кои се однесуваат на човековите права, граѓанското општество, управување со човековите ресурси, урбанистичкото планирање.

Адеми од 2013 година до 2018 бил менаџер на Канцеларијата на INSCALE Global’s Skopje, која нуди услуги на офшор компании од Северна Европа, кои имаат цел да ги зголемат своите капацитети во областа на информатичката технологија.

Од 2009 до 2013 година бил вработен во Министерството за надворешни работи и бил амбасадор во Кралството Данска.

Во периодот од 2007 до 2009 година, како владин службеник ја извршувал функцијата Раководител на секторот за урбанизам и заштита на животната средина во Општина Гостивар.

Пред оваа раководна позиција, како владин службеник, Адеми бил Раководител на Одделението за локален економски развој на Општина Гостивар, а во периодот од 2003 до 2005, бил консултант во Одделението за имплементација на проекти во Општина Гостивар.

Имотна состојба

16.721 евра
491.803 евра
20.000 евра
Министерот Асаф Адеми нема пријавено ништо на свое име, при што пријавениот имот гласи на своите блиски.

Сопругата на Адеми поседува возило „БМВ 530Д“ вредно 14.754 евра.

Неговите родители поседуваат куќа со деловен простор и двор во Гостивар вредна 491.803 евра, а пријавено е дека имаат и автомобил „Ренаулт 9“ вредно 1.967 евра. Тие имаат и кредит од 19.672 евра и добиваат месечна кирија за деловен простор во висина од 325 евра.

Вредноста на имотниот лист на Асаф Адеми изнесува 528.525 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Медиумска изложеност

Медиумите во Македонија пишуваа за тоа како Асаф Адеми од амбасадор во Данска стана министер за култура.

css.php