Африм Гаши

img

Африм Гаши

Пратеник

Биографија

Пратеникот Африм Гаши е член на партијата БЕСА. Тој роден на 9 ноември 1977 година во Скопје.

Активности во Собранието:

  • Национален совет за евроинтеграции, член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за надворешна политика, член
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-член
  • Комисија за европски прашања, заменик-член
  • Комисија за локална самоуправа, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација, член
  • Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ), заменик-претседавач

Имотна состојба

15.578 евра
40.000 евра
179 евра
1.951 евра

Пратеникот Африм Гаши има наведено дека поседува две моторни возила, Ренаулт Вел сатис и Ауди А6 вредни 12.878 евра и две трансакциски сметки. Неговата сопруга има автомобил Рено Клио вреден 2.700 евра и накит вреден 1.951 евра. На име на своите родители има наведено стан во Скопје вреден 40.000 евра, пензија во износ од 179 евра и земјиште и куќа во постапка на трансформација и легализација.

Вредноста на пријавениот имот на Африм Гаши изнесува 57.708 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Активности

Собраниски активности за 2018 година:

  • Број на присуства во Собрание: 86
  • Број на отсуства: 20 оправдани и 5 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 2 закони и 0 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 1 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 3
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/6/65
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 10/8/175
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 22/0/61/62

Податоците се преземени од извештајниот период од  јануари до  јуни 2018 година, и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 67.743 денари (со исклучок на месеците април, мај, јуни и јули кога месечната плата изнесувала 68.068 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 475.501 денари или 7.732 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 685 евра

 

 

css.php