Бардул Даути

img

Бардул Даути

Министер без ресор задолжен за странски инвестиции

Биографија

Бардул Даути е роден 4 август 1982 година во Тетово. Во 2007 година се стекнал со титула магистер по економија и бизнис анализа на Универзитетот во Стафордишир, Факултет за бизнис и право, во Обединетото Кралство.

Додипломски студии ги завршил на Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово на Факултетот за бизнис администрација. Докторирал на Универзитетот во Љубљана, Словенија на Економскиот факултет со доктороскиот труд „Детерминати и трговски ефекти на странските директни инвестиции во земјите од Југоисточна Европа со посебен акцент на Македонија“ во 2015 година.

На позицијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции доаѓа од местото доцент на Економскиот факултет на Универзитетот во Тетово, каде што ги предметите Макроекономија и Современи економски системи.

Негова потесна специјалност се и областите јавни финансии, микроекономија, анализа на јавните политики, анализа на одлука, влада и пазар.

На изборите во 2016 е избран за пратеник во Собранието на РМ. Бил член на комисиите за финансии и буџет и напарламентарната комиција за асоцијација и стабилност на РМ. Претходно бил советник во општина Тетово.

Имотна состојба

4.878 евра
327.642 евра
15.605 евра
24.390 евра
Министерот Бардул Даути пријавил дека има кредит од 14.464 евра и моторно возило „Мерцедес А“ класа вредно 4.878 евра.

Неговата сопруга има плата од 341 евра.

Родителите на Даути имаат куќа, деловен простор, земјоделско земјиште и огради во Тетово, сите вредни 352.033 евра. Тие исто така имаат и плата од 800 евра.

Вредноста на имотниот лист на Бардул Даути изнесува 372.516 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција.

Министерот Бардул Даути на 19.11.2018 година за СКУП потврди дека тоа е неговата имотна состојба и нема промени во истата.

css.php