Бетиан Китев

img

Бетиан Китев

Пратеник

Биографија

Пратеникот Бетиан Китев е роден на 23 јуни 1985 година во Скопје. Китев е магистер на политички науки, при Правниот факултет „Јустинијан I“, а докторирал во областа на политичките науки и политичка анализа на Факултетот за општествени науки – Љубљана.

Активности во Собранието:

  • Комисија за уставни прашања, член;
  • Законодавно-правна комисија, член;
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член;
  • Комисија за европски прашања, член;
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), шеф на Делегација;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, член.

 

Имотна состојба

2.927 евра
195.934
59.549 евра
49.512 евра

Бетиан Китев пријавил дека поседува денарска платежна картичка со 1.626 евра. Останатиот имот припаѓа на неговите родители. Тие поседуваат имот во Кавадарци и тоа: градежно земјиште вредно 8.130 евра, деловен простор вреден 48.780 евра, земјоделско земјиште вредно 244 евра, куќа вредна 48.780 евра, уште две куќи вредни 813 евра, односно 97.561 евра, како и лозје вредно 488 евра. Тие имаат и земјиште во Неготино кое е вредно 40.650 евра. Добиваат и месечни кирии од 200, односно 488 евра и имаат две денарски штедни книшки со 23,089 односно 34.146 евра.
Родителите на Бетиан Китев имаат моторно возило Рејсер Даеву 1994/1995 вредно 2.927 евра.

Вредноста на пријавениот имот од пратеникот Китев изнесува 307.924 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016-та година СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањата на пратениците.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 105 
  • Број на отсуства: 6 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 24 закони и 24 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 4
  • Број на излагања на пленарна седница: 2 дискусии на пленарна седница, 1 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 7
  • Работни тела член/присуство/одржани: 8/128/185
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/10/36
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 206/0/370/215

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 63.506 денари (со исклучок на месеците јуни и јули кога земал плата од 63.814 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 445.158 денари или 7.238 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 651.246 денари или 10.589 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 75.091 денари или 1.221 евра.
css.php