Бети Рабаџиевска Наумовска

img

Бети Рабаџиевска Наумовска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Бети Рабаџиевска Наумовска е родена на 24 септември 1973 година во Ресен. По професија е доктор на медицина, специјализант по оториноларингологија, при Медицинскиот факултет во Скопје.

Активности во Собранието:

  • Законодавно-правна комисија, член;
  • Комисија за здравство, член;
  • Комисија за локална самоуправа, член;
  • Комисија за европски прашања, заменик-член;
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, член.

Имотна состојба

11.382 евра
72.358 евра
24.764 евра
92.900 евра

Бети Рабаџиевска Наумовска има изјавувано дека поседува автомобил Шеврлолер Круз вреден 6.504 евра и има кредит од 6.829 евра. Преостанатиот имот припаѓа на нејзниот сопруг. Тој зема годишни приходи од овоштарници со јаболка во висина од 17.886 евра и месечна кирија од 50 евра. Поседува Трактор Тафе вреден 4.878 евра и располага со четири овошни градини вкупно вредни 84.228 евра.
Има имот во Ресен и тоа: куќа со двор вредна 58.537 евра, деловен простор вреден 13.821 евра и две земјоделски земјишта вредни 3.415 односно 5.528 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Бети Рабаџиевска Наумовска изнесува 201.675 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Медиумска изложеност

Бети Рабаџиевска Наумовска се најде на листата пратеници кои што имаа патни трошоци над 10 илјади евра за 6 месеци.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 111 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 7 закони и 7 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 2
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 1 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 3
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/115/126
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/17/21
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 207/0/415/228

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 66.890 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 468.230 денари или 7.613 евра.
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 298.725 денари или 4.857 евра.
css.php