Благица Ласовска

img

Благица Ласовска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Благица Ласовска е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Таа е родена на  8 март 1970 година во Штип. Ласовска е дипломиран професор по предучилишна настава. Магистер  е по менаџмент во образование и образовни политики на УГД Штип.

Благица Ласовска е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1997 година, член на ОК Свети Николе од 2005 година претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на ОК Свети Николе од 2009 година, и пратеник во Собрание на РМ од 2014 година.

Активности во Собранието:

  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик-претседател
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член
  • Комисија за образование, наука и спорт, член
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-член
  • Комисија за труд и социјална политика, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Големото Војводство Луксембург, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, член

Имотна состојба

3.252 евра
35.496 евра
3.252 евра
569 евра

За пратеничката Благица Ласовска на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција се достапни две имотни листи.

Имотна листа 1: Пратеничката Благица Ласовска има двор вреден 2.839 евра, земјиште под објект вредно 137 евра и кредит од 3.252 евра. Нејзиниот сопруг поседува моторни возила во вредност од 3.252 евра и стан во износ од 32.500 евра. Тој поседува и ловечка пушка од 243 евра како и пиштол застава од 325 евра. Вкупен износ: 42.569 евра.

Имотна листа 2: Пратеничката Благица Ласовска поседува двор вреден 2.839 евра, земјиште вредно 6.137 евра, земјиште под објект вредно 137 евра, земјоделско земјиште од 129 евра, земјоделско земјиште од 195 евра, куќа вредна 15.843 евра и две помошни простории вредни 4.470 евра. Таа има и кредитна картичка од 2.439 евра. Нејзиниот сопруг поседува две моторни возила: Даихатсу Териорс вредно 2.439 евра и Застава вредна 98 евра икако и стан во св.Николе вреден 6.504 евра. Вкупен износ: 41.229 евра.

 

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Во истражувањето Накитот и сликите на пратениците се тешки 254.958 евра  од декември 2018-та година СКУП открива дека сопругот на Благица Ласовска, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, поседува ловечка пушка од 243 евракоја е стекната со договор за купопродажба, како и пиштол застава од 325 евра стекнат со наследство.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 25
  • Број на отсуства: 30 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 2 закони и 35 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 3
  • Број на излагања на пленарна седница: 3 дискусии на пленарна седница, 4 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 16
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/7/18
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/7/80
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 10/0/20/19

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 72.621 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 508.347 денари или 8.266 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 219. 744 денари или 3.573 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 58 евра
css.php