Благоја Деспотоски

img

Благоја Деспотоски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Благоја Деспотоски е член на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден на 21 јули 1958 година во Кичево. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје.

Активности во Собранието:

  • Комисија за транспорт, врски и екологија, член
  • Комисија за труд и социјална политика, член
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член
  • Комисија за економски прашања, заменик-член
  • Комисија за локална самоуправа, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија, член

Имотна состојба

13.008 евра
155.813 евра
14.228 евра
24.390 евра

Пратеникот Благоја Деспотоски од личен имот изјавил дека поседува куќа, куќа за одмор и стан во Кичево, вкупно вредни 107.033 евра. Тој има и земјоделско земјиште во с.Јагол, Кичево вредно 24.390 евра. Две моторни возила: Фолксваген Поло 1.4 ТДИ вредно 4.878 евра и Фолксваген пасат  вреден 8.130 евра како и денарска штедна книшка од 8.618 евра. Неговата сопруга има стан од 48.780 евра во Скопје, а нивните деца имаат штедна книшка од 5.610 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Благоја Деспотоски изнесува 207.439 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Медиумска изложеност

Во медиумите се пишуваше дека пратениците немаат некоја поголема улога во дискусиите и предлагањето на законите. Исклучок од оваа група на пратеници е Благоја Деспотоски, кој за збор се јавил 110 пати.

Целото истражување на Инбокс 7 може да го прочитате тука.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 22
  • Број на отсуства: 32 оправдани и 1 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 3 закони и 2 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 2 дискусии на пленарна седница, 7 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 6
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/11/35
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 3/5/19
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 10/0/29/17

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 73.044 денари (со исклучок на месеците јуни и јули кога месечната плата изнесувала 73.352 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 511.924 денари или 8.324 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 272.177 денари или 4.426 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 50 евра
css.php