Благојче Трпевски

img

Благојче Трпевски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Благојче Трпевски е роден 11 септември 1965 година во Гостивар. Тој е магистер по технички науки од областа на градежништвото, при Градежниот факултет на Уиверзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје.

Активности во Собранието:

  • Национален совет за евроинтеграции, заменик-член;
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, член;
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, член;
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член;
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член;
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член;
  • Комисија за финансирање и буџет, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член.

Имотна состојба

13.484 евра
230.300 евра
45.120 евра

Благојче Трпевски не го навел начинот на стекнување за ниедна од ставките на неговиот имотен лист. Тој поседува автомобил Фолксваген Голф 5 вреден 6.000 евра и поседува поткровје вредно 18.750 евра. Преостанатиот имот им припаѓа на неговиот брат и нивните родители. Братот на Трпевски поседува две превозни средства Ауди а4 вредно 3.500 евра и Фап 13 фф вреден 3.984 евра. Тој исто така поседува и куќа во Гостивар вредна 19.200 евра.
Родителите на Трпевски поседуваат куќа и двор во Гостивар вредни 21.250 евра, односно 64.000 евра.
Со сопругата, според имотниот лист, Трпевски поседуваат две земјоделски земјишта во Маврово и Ростуше вкупно вредни 45.120 евра. Имаат и две куќи за одмор, двете вредни по 21.200 евра, како и два двора од по 22.750 евра. Тие имаат и куќа во Гостивар вредна 19.200 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Благојче Трпевски изнесува 288.904 евра  и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 53 
  • Број на отсуства: 2 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 5 закони и 22 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 10
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/28/28
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 5/23/42
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 171/0/260/90

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 70.583 денари
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 494.081 денари или 8.034 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 282.263 денари или 4.590 евра.
css.php