Борис Змејковски

img

Борис Змејковски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Борис Змејковски е член на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден на 16 јули 1956 година во Скопје. Змејковски завршил факултет за безбедност во Загреб, Хрватска.

Активности во Собранието:

  • Комисија за одбрана и безбедност, член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, член.

 

Имотна состојба

125.041
1.017.480
46.829
1.578.195
1.,260

Како личен имот пратеникот Борис Змејковски има наведено шест градежни земјишта во Скопје вредни 948.016 евра. Пет земјоделски земјишта вредни 630.179 евра. Четири станови вредни 295.122 евра. Куќа вредна 292.683 евра, куќа и ниви во износ од 1.626 евра, магацински простор од 350.000 евра и станбен објект со помошни простории вреден 78.049 евра.
Моторните возила на имотната листа на Борис Змејковски севкупно вредат 99.512 евра. Тој има и трактор Голдони вреден 11.707 евра моторна санка за снег Поларис вредна 4.065 евра и глисер-чамец вреден 9.756 евра.
Змејковски има и побарување по основ на даден заем од  16.260 евра, закупнина од 1.301 евра и кредит од 29.268 евра. На листата има и семеен накит вреден 16.260 евра.

Вредноста на имотот на Борис Змејковски изнесува 2.783.805 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Медиумска изложеност

АРХИВА: Борис Змејковски – од основач на ВМРО-ДПМНЕ до милионер-олигарх!

 

Истражувања

Во истражувањето Накитот и сликите на пратениците се тешки 254.958 евра  од декември 2018-та година СКУП открива дека накитот Борис Змејковски е вреден 16.260 евра.

Активности

Собраниски активности за 2018 година:

  • Број на присуства во Собрание: 10 
  • Број на отсуства: 79 оправдани и 22 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0/0
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 0
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/0/24
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 1/0/3
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 0/0/3/2
    Податоците се преземени од извештајниот период од  јануари до  јуни 2018 година, и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).
  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 69.044 денари – (со исклучок на месеците мај, јуни и јули кога месечната плата изнесува 69.352 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 484.232 денари или 7.874 евра
css.php