Бујар Османи

img

Бујар Османи

Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања

Биографија

Бујар Османи е роден на 11 септември 1979 во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година.

Дел од својата специјализација по хепато-билио-панкреатична хирургија ја завршил во Лондон, Обединетото Кралство во периодот 2006-2007 година, додека од 2012 година се стекнува со звање специјалист хирург.

Од 2014 е докторант на Школата за докторски студии при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Своето работно искуство го започнал во 2004 година како доктор на медицина на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски„ во Скопје.

Истата година држел предавања во средното медицинско училиште „Др.Панче Караџозов“ во Скопје. Во 2008 година е назначен како министер за здравство на Република Македонија и таа функција ја извршува се до 2011 година.

Од 2011 година е Специјалист хирург во Универзитетска Клиника за Дигестивна хирургија – Скопје.

Во 2011 исто така е назначен за Секретар за комуникација со јавност при претседателството на Демократската Унија за Интеграција. Од јуни 2017 година е назначен како заменик претседател на Влада задолжен за европски прашања.

Имотна состојба

8.780 евра
178.862 евра
87.675 евра
Министерот Бујар Османи во лична сопственост пријавил дека има автомобил „Ауди А6“ 2004/2013, вреден 5.854 евра, еден заем од 26.992 евра и кредит од 60.000 евра.

Неговата сопруга добива месечна плата од 407 евра и поседува автомобил „Опел Корса“ од 2.927 евра.

Родителите на Османи имаат месечна пензија од 276 евра и поседуваат куќа со двор во Скопје вредна 178.862 евра.

Вредноста на имотниот лист на Бујар Османи изнесува 275.317 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција.

Медиумска изложеност

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) во октомври 2018 отвори шест нови истраги, меѓу кои и случајот „Пациент“, каде како еден од осомничените се појавува и министерот Бујар Османи.

 

css.php