Ванковер Манчев

img

Ванковер Манчев

Пратеник

Биографија

Пратеникот Ванковер Манчев е член на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден на 16 март 1980 година во Скопје. Манчев е доктор на медицина, Медицински факултет – Скопје. Специјализант.

Активности во Собранието:

  • Комисија за здравство, член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член
  • Комисија за финансирање и буџет, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Белгија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член

Имотна состојба

Пратеникот Ванковер Манчев има изјавувано дека поседува еден стан во Скопје, а неговите родители имаат два стана во Струмица и еден во Стар Дојран.

Вредноста на имотот на Ванковер Манчев не е наведена на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 26
  • Број на отсуства: 29 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 3 закони и 8 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 2
  • Работни тела член/присуство/одржани: 1/4/7
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 3/3/15
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 7/0/32/20

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.352 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 457.464 денари или 7.438 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 280.345 денари или 4.558 евра
css.php