Васил Пишев

img

Васил Пишев

Пратеник

Биографија

Пратеникот Васил Пишев е член на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден на 22 април 1965 година во Струмица. Пишев е дипломиран економист, магистер по маркетинг, Европски универзитет – Скопје.

Активности во Собранието:

  • Комисија за финансирање и буџет, член
  • Комисија за европски прашања, заменик-член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-член
  • Комисија за економски прашања, заменик-член
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член

Имотна состојба

13.496 евра
107.327.663 евра
1.004.517 евра
180.488 евра
4.878 евра
16.260 евра

Пратеникот Васил Пишев, покрај веќе постоечкиот деловен простор и паркинг простор од 106.494 односно 9.756 евра во Благоевград, Бугарија изјавил дека поседува и стан во изградба, исто така, во Благоевград. На територијата на Македонија, тој има три земјоделски земјишта, две во Струмица и едно во Гевгелија, сите вредни 170.731 евра како и стан во Скопје вреден 81.301 евра. Возниот парк вреден 13.496 ерва на пратеникот Пишев е сочинет од Пежо 206, Лада Нива, Ауди 1.9ТДИ и Југо Корал. Тој има и уметнички и колекционерски предмети вредни 4.878 ерва а неговата сопруга има златен накит вреден 16.260 евра. Таа, исто така има деловен простор во изградба вреден 106.494.309 евра како и стан во изградба од 81.301 евра и паркинг простор од 9.756 евра. Родителите на Пишев имаат куќа и двор во Струмица вредни 463.415 евра како и земјиште од 9.756 евра во Стар Дојран.  Хартиите од вредност и банкарските депозити на Пишев и неговото семејство изнесуваат вкупно 1.007.018 евра.

Вредноста на изјавениот имот на Васил Пишев изнесува  108.549.773 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

 

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеникот Васил Пишев во Централниот Регистар на Република Македонија е наведен како основач и сопственик на Трговско друштво за посредување, транспорт и туризам АМОР ДОО увоз-извоз Струмица и содружник во Трговско друштво за производство, трговија и услуги АЛ МАКС ДОО Струмица. Тој е наведен и како овластено лице во Спортско риболовно друштво БИСЕР Струмица кое во моментов не е активно.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 8
  • Број на отсуства: 41 оправдани и 6 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 18 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 0
  • Работни тела член/присуство/одржани: 1/0/12
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/0/43
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 0/0/2/10

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 72.428 денари (со исклучок на месеците март, април, мај, јуни и јули кога месечната плата изнесувала 72.735 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 508.531 денари или 8.269 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 46.201 денари или 751 евра
css.php