Венко Филипче

img

Венко Филипче

Министер за здравство

Биографија

Венко Филипче е роден 13 јуни 1977 година во Скопје. Тој е женет и има едно дете. Со високо образование се стекнал на Медицинскиот факултет во Скопје. Во 2008 година ја завршил специјализацијата по неврохирургија, магистер по неврохирургија станува во 2011 година, а докторската дисертација ја брани во 2015 година. Во текот на својата работа се усовршувал во неврохируршки центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул, Цирих. Во 2012 година завршува практична настава по интервентна неврорадиологија со што станува првиот неврохирург во Македонија и околните земји кој ја основа хибридната неврохирургија на матичната клиниката во Скопје.

Филипче бил советник за здравство на премиерот Заев, а биле советник и на претходниот министер Никола Тодоров, во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ.

Имотна состојба

20.162 евра
250.877 евра
Министерот за здравство Венко Филипче пријавил дека поседува куќа во Скопје вредна 45.268 евра, стан во Скопје вреден 126.829 евра, возило Мерцедес Бенз 204 вредно 16.260 евра и хартии од вредност – акции чија вредност не е наведена во имотниот лист.

Неговата сопруга има автомобил „Мазда 2“ вреден 3.902 евра, а заедно со Филипче поседуваат стан во Скопје вреден 48.780 евра.

Вредноста на имотниот лист на Венко Филипче изнесува 241.041 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција. 

Медиумска изложеност

Венко Филипче доби критики во јавноста и меѓу граѓаните на социјалните мрежи откако се воспостави дека е потпишан на листата професори кои го поддржуваат државниот испит. Тој се изјасни дека не знаел што потпишува со оправдување дека наводно специјализант му подметнал да се потпише на листа која е за реформи во Медицинскиот факултет.

По острите реакции во јавноста, министерот Филипче го поништи тендерот за набавка на реагенси и тестови за крвни анализи, вреден 35 милиони евра. Порталот НоваТв, повикувајќи се на инсајдерски информации од Министерството за здравство, објави дека единствената фирма што се јавила на тендерот е АХР ЛАБ увоз-извоз  ДООЕЛ Скопје која е формирана на 18 април годинава, а сопствениците се блиски до семејството на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков.

НоваТв исто така објави истражување каде се тврди дека министерот Филипче потпишал договор во четири очи, без да објави тендер, за изградба на бункер за акцелератор во Клиничката болница во Штип. Зделката била во вредност од 700 илјади евра.

Во јануари 2019-та година, со цел да покаже дека вакцините се безбедни, министерот Филипче на неговиот Фејсбук профил објави фотографија со својата внука на која што таа прима вакцина.
По реакции од граѓаните дека внуката на Филипче не е вакцинирана, туку е искористена само за маркетинг на социјалните мрежи, министерот во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека неговата внука е премногу мала за да прими МРП, а фотографијата е во насока да ги увери граѓаните и родителите дека вакцините се безбедни.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија на спречување на корупција. 

Министерот Венко Филипче, покрај Министерството за здравство бил сопственик на Здружение на граѓани за подршка и развој ПХМ-ЦЕЕ Скопје кое во моментов не е активно.

Активности

Извештај за реализирани активности во 2018 година.

МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.792 денари.

Министерот Венко Филипче, според Алатката за отчетност на трошоците на носителите на јавните функции, во 2018-та година, до месец мај, има потрошено 160.421 денари, и тоа:
– Авионски карти: 76.110 денари
– Трошоци за мобилен телефон: 28.838 денари
– Угостителски услуги во земата преку надворешни угостителски објекти: 53.720 денари
– Угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите:1.753 денари.

css.php