Весел Мемеди

img

Весел Мемеди

Пратеник

Биографија

Пратеникот Весел Мемеди е член на партијата Национална демократска преродба. Тој е роден на 12 септември 1974 година во Гостивар. Мемеди има магистратура на Универзитетот на Leeds во Велика Британија; докторат на Универзитетот на Амстердам, Холандија.

Активности во Собранието:

  • Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
  • Комисија за европски прашања, заменик-претседател
  • Законодавно-правна комисија, член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
  • Комисија за финансирање и буџет, заменик-член
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член

Имотна состојба

2.926 евра
48.780 евра
2.926 евра

Имотната листа достапна на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција е од времето кога пратеникот Весел Мемеди бил Член на советот во Општина Гостивар. На прашањето дали тоа е имотната состојба која ја поседува пратеникот, тој одговори:

„Оваа имотна листа е стара од 2009 или нешто подоцна, кога сум бил советник во општината. Новата имотна листа како пратеник е доставена до Комисијата на време, во рок од 30 дена кога завршија парламентарните избори“.

Дополнително, од пратеникот ја побаравме и новата имотна листа кја ја доставил до Државната комисија за спречување на корупција а не е ажурирана на веб-страната. Тој ни ја испрати истата и можете да ја погледнете во прилогот документи.

Нова имотна состојба
Нова имотна состојба
Нова имотна состојба
Нова имотна состојба
Нова имотна состојба

Документи

Пратеникот Весел Мемеди, покрај функцијата претседател во Политичка партија Политичка партија Национална Демократска Преродба Гостивар, во Централниот регистар на Република Македонија е наведен како претседател на Центар за развој на демократијата Гостивар и Фудбалски клуб КФГ ГОСТИВАР Гостивар кои во моментов се неактивни.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 47 
  • Број на отсуства: 8 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 4 закони и 100 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 3
  • Број на излагања на пленарна седница: 2 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 6
  • Работни тела член/присуство/одржани: 1/46/56
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/30/69
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 189/0/245/76

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 75.987 денари (со исклучок на месеците јануари и февруари кога месечната плата изнесувала 66.584 односно 69.876 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 516.395 денари или 8.397 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 428 евра
css.php