Весна Дамчевска Илиевска

img

Весна Дамчевска Илиевска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Весна Дамчевска Илиевска е член на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е родена на 27 ноември 1961 година во Демир Хисар. Дамчевска-Илиевска е Магистер по мир и развој, УКИМ – Скопје.

 Активности во Собранието:

  • Комисија за образование, наука и спорт, член
  • Комисија за локална самоуправа, член
  • Комисија за култура, заменик-член
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот Република Унгарија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, член

Имотна состојба

1.463 евра
70.000 евра
13.003 евра
2.439 евра
Весна Дамчевска Илиевска има изјавувано дека има кредит во износ од 13.008 евра. За нејзиниот сопруг изјавила дека поседува земјиште во Градско вредно 2.439 евра, куќа во Скопје вредна 70.000 евра, моторно возило Хундаи Акцент вредно 1.463 евра и акции.

Вредноста на пријавениот имот на Весна Дамчевска Илиевска изнесува 86.935 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Активности

Собраниски активности за 2018 година:

  • Број на присуства во Собрание: 79
  • Број на отсуства: 32 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 4 закони и 154 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 3
  • Број на излагања на пленарна седница 3 дискусии на пленарна седница, 3 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 17
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/11/27
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/9/19
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 14/0/44/79

    Податоците се преземени од извештајниот период од  јануари до  јуни 2018 година, и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 72.120 денари (со исклучок на месецот јануари кога месечната плата изнесувала 71.813 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земалa: 504.533 денари или 8.204 евра
css.php