Владанка Авировиќ

img

Владанка Авировиќ

Пратеник

Биографија

Пратеничката Владанка Авировиќ е родена на 22 февурари 1954 година во Скопје. По професија е дипломиран економист.

Активности во Собранието

  • Буџетски совет на Собранието, член;
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член;
  • Комисија за европски прашања, член;
  • Комисија за финансирање и буџет, член;
  • Комисија за економски прашања, заменик-претседател;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ – Република Македонија), член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија, претседател.

Имотна состојба

17.435 евра
238.821 евра
82.293 евра
2.439 евра
2.927 евра

На Државната изборна комисија за спречување на корупција, за пратеничката Владанка Авировиќ достапни се две имотни листи.

Според едната имотна листа, Владанка Авировиќ поседува благородни метали вредни 2.927 евра, а со сопругот имаат уметнички слики и колекционерски предмети вредни 2.439 евра. Сопругот на Авировиќ располага со имот во Скопје, и тоа куќа во изградба вредна 125.000 евра и куќа со двор проценета на 113.821 евра. Тој има три моторни возила: Сузуки Алто вредно 7.805 евра, Форд Фиеста од 8.130 евра и Опел Кадет од 1.500 евра, како и два кредита од 82.293 евра.

Втората имотна листа е идентична на првата, со исклучок на автомобилот Мазда 6 вреден 5.853 евра кој припаѓа на нивните деца.

Вредноста на имотот пријавен од Владанка Авировиќ изнесува 343.915 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција:

Имотен лист број 1

Имотен лист број 2 

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 23 
  • Број на отсуства: 32 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 49 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 1 дискусии на пленарна седница, 0 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 4
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/4/30
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/0/11
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 9/0/9/13

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 77.825 денари
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 544.775 денари или 8.858 евра.
css.php