Владимир Ѓорчев

img

Владимир Ѓорчев

Пратеник

Биографија

Пратеникот Владимир Ѓорчев е член на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден на 31 август 1978 година во Скопје. Ѓорчев е дипломиран политиколог, Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје.

Владимир Ѓорчев е член на ВМРО-ДПМНЕ од  1996 година. Ѓорчев е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во 1997 година, истата година е именуван за член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. За првпат како член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ е именуван во 2004 година. Ѓорчев е долгогодишен пратеник во Собранието на Република Македонија, за првпат за пратеник е избран на изборите во 2006 година. Подолг период наназад ја извршува функцијата меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Активности во Собранието:

  • Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
  • Комисија за труд и социјална политика, претседател
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
  • Комисија за финансирање и буџет, заменик-член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), шеф на Делегација
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, член

Имотна состојба

22.439 евра
256.593 евра
28.192 евра
54.910 евра

Пратеникот Владимир Ѓорчев во Скопје има изјавувано дека поседува куќа со подрум и двор, стан со подрум и гаража, сите вредни 256.593 евра. Тој има и автомобил Фиат Гранде Пунто вреден 2.927 евра  а добива и хонорар од 8 евра неделно. Ѓорчев има и вкупно шест орочени денарски депозит, сите во вредност од 14.894 евра. Неговите штедни книшки и девизните депозити изнесуваат околу 500 евра. Заедно со сопругата, Ѓорчев има земјиште во Сопиште – Скопје, вредно 54.910 евра имоторно возило Волцваген Шаран од 19.512 евра. Неговата сопруга, пак, има девизна платежна картичка, девизна сметка и две трансакцони сметки без наведена вредност, како и два орочени депозити од 2.000 и 5.641 евра и девизна штедна книшка од 2.600 американски долари.  Нивните деца имаат животно осигурување со годишна уплата од  299 евра.

Вредноста на имотот на Владимир Ѓорчев изнесува 362.134 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

 

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 10
  • Број на отсуства: 44 оправдани и 1 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 2 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 3 дискусии на пленарна седница, 11 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 0
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/2/41
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/0/28
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 8/0/14/10

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 69.695 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 487.865 денари или 7.933 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 926 евра
css.php