Горан Манојлоски

img

Горан Манојлоски

Пратеник

Биографија

Горан Манојлоски е член на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден на 19 април 1977 година во Тетово. Манојлоски е Доктор на медицина, специјалист интернист, интервентен кардиолог, Медицински факултет.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за здравство, член
  • Комисија за труд и социјална политика, член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
  • Комисија за култура, заменик-член
  • Комисија за локална самоуправа, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Белгија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Малта и Република Кипар, член

Имотна состојба

19.650 евра
152.252 евра
39.350 евра
20.683 евра

Пратеникот Горан Манојлоски, покрај својот стан во Скопје, има изјавувано дека поседува уште два стана заедно со сопругата во Тетово. Сите три вредни 89.561 евра. Тој има и плац од 17.886 евра во Скопје, а неговата сопруга има гаража од 5.455 евра во Тетово и земјиште од 2.797 евра во Брвеница. Манојлоски вози автомобил Хјундаи Туксон вреден 18.650 евра, има два кредити во износ од 31.057 евра и добива месечен наем од 976 евра. Неговата сопруга, исто така, има кредит од 7.878 евра како и хартии од вредност.

Вредноста на пријавениот имот на Горан Манојлоски изнесува 230.935 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Промена на имотна состојба забележана на 19.2.2019 година:

На имотната листа додаден е автомобил Киа Пиканто вреден 1.600 евра, кој е во сопственост на сопругата на Манојлоски.

Додадена е кредитна картичка со 5.430 евра во сопственост на Манојлоски.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 62
  • Број на отсуства: 49 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 4 закони и 119 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 1
  • Број на излагања на пленарна седница: 5 дискусии на пленарна седница, 14 (контра) реплики и 3 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 9
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/18/40
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/2/19
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 12/0/44/57

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 66.584 денари (со исклучок на месеците април, мај, јуни и јули кога месечната плата изнесувала 66.890 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 467.312 денари или 7.599 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби за 2018 година: 111.956 денари или 1.820 евра
css.php