Горан Мисовски

img

Горан Мисовски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Горан Мисовски е роден на 15 април 1965 година во Скопје. Мисовски е дипломиран менаџер по осигурување на Државниот универзитет „Св.Климент Охридски“.

Активности во Собранието:

  • Комисија за одбрана и безбедност, член;
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член;
  • Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, заменик-член;
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, член.

Имотна состојба

21.789 евра
341.301 евра
44.878 евра
92.682 евра

Горан Мисовски има изјавувано дека поседува само автомобил КИА Спортиџ вреден 15.935 евра. Неговата сопруга има куќа и стан во Скопје вредни 178.862 евра, односно 64.878 евра. Освен тоа, таа поседува лозје во Куманово вредно 40.650 евра, овошна градина во село Зубовце, Гостивар вредно 48.780 евра и шума во село Врановци вредна 3.252 евра. Исто така, има и кредит во висина од 44.878 евра.
Родителите на Мисовски, според имотниот лист, поседуваат стан во Скопје вреден 97.561 евра, додека пак, неговите деца имаат автомобил БМВ вреден 5.854 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Горан Мисовски изнесува 500.650 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Медиумска изложеност

По информацијата за вработување на синот во Агенција за супервизија на осигурување, Мисовски за Слободен печат изјави дека оваа агенција не се финансира од буџетот на државата. Тој додаде дека за вработувањето на својот син, навремено ја информирал Државната комисија за спречување на корупција согласно членот 56 од Законот за спречување на корупција.

Неговиот син подоцна се обрати на Фејсбук, соопштувајќи дека одлучил да даде отказ од работното место во Агенцијата за супервизија на осигурувањето поради притисок од јавноста.

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016-та година СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањата на пратениците.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеникот Горан Мисовски во Централниот регистар на Република Македонија е регистриран како лице за материјално финансиско работење во Политичка партија НОВА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА Скопје.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 55 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 5 закони и 1 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 2 дискусии на пленарна седница, 3 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 2
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/14/21
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/0/1
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 171/0/263/86

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 70.274 денари (со исклучок на месец февруари 74.073 денари и периодот март-јули кога земал плата од 80.558 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 547.137 денари или 8.897 евра.
css.php