Горан Сугарески

img

Горан Сугарески

Министер за транспорт и врски

Биографија

Горан Сугарески е роден на 3 aвгуст 1973 година во Прилеп. Тој е дипломиран правник и магистер по политички науки на Универзитет „Св. Кирил и Методиj“, Правен факултет Јустинијан Први.

Од 2008 до 2016 Сугарески е пратеник во Собрание на Република Македонија.

Од 2015 до 2016 е координатор на пратеничка група а од 2013 до 2015  е заменик координатор на пратеничка група.

Од 2003 до 2008 работи како државен службеник во локална самоуправа – комунален инспектор во Општина Прилеп а претходно од 2000 до 2003 работи како советник во советот на Општина Прилеп.

Имотна состојба

13.171 евра
90.732 евра
Имотот на министерот Горан Сугарески се води само на негово име. Тој пријавил дека има куќа во Прилеп вредна 48.780 евра, стан во Скопје вреден 41.951 евра, како и автомобил Сеат Кордоба вредно 13.171 евра.

Министерот ја нема наведено вредноста за три земјишта под објект и едно градежно земјиште во Прилеп.

Вредноста на имотниот лист на Горан Сугарески изнесува 103.902 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција.

css.php