Дамјан Манчевски

img

Дамјан Манчевски

Министер за информатичко општество и администрација

Биографија

Дамјан Манчевски е роден на 27 јануари 1978 во Скопје. Тој е женет и има две деца. Зборува македонски, англиски и српско-хрватски јазик. Во 2005 дипломирал на електротехничкиот факултет во Скопје, а пред тоа бил потпретседател на подмладокот на СДСМ во периодот 2001–2003. Има диплома од Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на студиската програма Електротехника и телекомуникации. Во 2009 е Чивниг стипендист на Универзитетот Бирмингем во Обединетото Кралство, стекнувајќи се со сертификат на постдипломските студии. Во 2003 година учествувал во програмата на Стејт Департментот на САД „Млади Европски лидери и политиките на САД за актуелните политички, економски и социјални прашања“, додека пак од 2003 до 2004 година учествувал во „Школа за идни политичари“ во организација на Фондациите Фридрих Еберт и Алфред Мозер.

Манчевски има повеќе од десет годишно работно искуство во областа на ИКТ, како менаџер и извршен директор на неколку компании. Помеѓу 2005 и 2006 година работел и како инженер за радиофреквенции во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

За член во советот на Град Скопје бил избран по локалните избори во 2013, каде воедно бил и координатор на советничката група на СДСМ. Во јуни истата година бил назначен за потпретседател на партијата, а во 2015 за шеф на изборниот штаб на СДСМ за парламентарните избори во 2016. По изборите станал пратеник како кандидат од првата изборна единица, а потоа и министер во владата на Зоран Заев.

Имотна состојба

13.374 евра
69.450 евра
7.000 евра
Министерот Дамјан Манчевски пријавил дека има автомобил Сеат Алтеа вреден 13.374 евра и два кредити од по 50.301 односно 14.000 евра.

Сопругата на Манчевски има девизна штедна книшка од 2.900 евра. Заедно тие имаат две градежни земјишта од по 3.500 евра во Чучер-Сандево а нивните деца имаат девизни штедни книшки од 650 и 1.599 евра.

Вредноста на имотниот лист на Дамјан Манчевски изнесува 89.824 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција.

Министерот Дамјан Манчевски за СКУП потврди дека тоа е неговата имотна листа и во истата нема промени.

Медиумска изложеност

Манчевска наиде на остри реакции во јавноста по изјавата дека 10 години сите членови на СДСМ биле најдискриминирани граѓани во државата со тоа што им било забрането да се вработуваат во јавен и приватен сектор. Во врска со бранот роднински вработувања, министерот за информатичко општество и администрација порача дека антикорупциската комисија е институцијата која треба да провери дали во новите вработувања има и непотизам и судирна интереси.

Истражувања

Во истражувањето на СКУП од ноември 2018-та година, ШЕСТТЕ НАЈБОГАТИ МИНИСТРИ ТЕЖАТ 35 МИЛИОНИ ЕВРА, се открива дека министерот Манчевски го нема пријавено имотот на своите родители.

Активности

МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.792 денари

Потрошени средства за службени патувања на Дамјан Манчевски во периодот јануари – јули 2018 година.

Податоци од Одговорот на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер за изводи од службената картичка на Министерот и Државниот секретар и фотокопии од документи по кои се книжени промените на сметката на репрезентацијата од службената картичка во период од  јануари до  јули 2018-та година.

Министерот Дамјан Манчевски, според Алатката за отчетност на трошоците на носителите на јавните функции, во 2018-та година, до месец мај, има потрошено 409.666 денари, и тоа:
– Авионски карти: 36.500 денари
– Дневници при патување во странство: 13.090 денари
– Јавен превоз: 312 денари
– Такси превоз: 2.472 денари
– Трошоци за мобилен телефон: 32.538 денари
– Угостителски услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти: 152.905 денари
– Угостителски услуги во странство: 40.619 денари
– Угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите: 12.648 денари
– Хотелско сместување во странство: 118.582 денари

css.php