Даниела Рангелова

img

Даниела Рангелова

Пратеник

Биографија

Пратеничката Даниела Рангелова е член на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е родена на 20 јули 1978 година во Велес. Рангелова е Дипломиран политиколог, Правен факултет. Избрана е за пратеник во Собранието на Република Македонија во 2014 година, по втор пат е избрана на изборите во 2016 година.

Активности во Собранието:

  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, претседател
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата,член
  • Комисија за труд и социјална политика, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, член
  • Клуб на пратенички, член на претседателство

Имотна состојба

 

15.425 евра

На имотната листа на пратеничката Даниела Рангелова како личен имот стои стан од 60 м2 во Скопје за кој не е наведена вредноста и автомобил Опел Астра вреден 15.425 евра.

Промена на имотна состојба забележана на 18.1.2019 година:
Покрај горенаведеното, на имотната состојба на пратеничката Даниела Рангелова е додаден долг-лизинг во износ од 228 евра месечно.

Вредноста на пријавениот имот на Даниела Рангелова изнесува 15.425 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 23
  • Број на отсуства: 31 оправдани и 1 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 2 закони и 2 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 1 дискусии на пленарна седница, 6 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 3
  • Работни тела член/присуство/одржани: 3/4/35
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 1/3/15
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 9/0/28/17

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 70.670 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земалa: 495.014 денари или 8.049 евра
css.php