Дафина Стојаноска

img

Дафина Стојаноска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Дафина Стојаноска е член на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е родена на 17 ноември 1974 година во Гостивар. Стојаноска е магистер на Стоматолошки факултет, УКИМ, Скопје. Таа зборува англиски, француски, албански и српски.  Дафина Стојаноска е пратеник во Собранието на Република Македонија од 2014 година.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за уставни прашања, член
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
  • Комисија за здравство, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација, член

Имотна состојба

 

13.886 евра
34.715 евра
1.518 евра

Пратеничката Дафина Јованоска Стојаноска има пријавено дека поседува стан во Гостивар вреден 34.715 евра, автомобил Ренаулт Клио вреден 13.886 евра. Нејзините деца имаат две денарски штедни книшки секоја по 758 евра. Стојаноска поседува и акции.

Вредноста на пријавениот имот на Дафина Јованоска Стојаноска изнесува 50.119 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција. Достапната имотна листа за пратеничката е на име Дафина Јованоска Стојаноска – член на совет на Општина Гостивар.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеничката Дафина Стојаноска во Централниот Регистар на Република Македонија е наведен како основач и сопственик на Приватна здравствена установа-ординација по општа стоматологија – ХИПОКРАТ Гостивар.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 76
  • Број на отсуства: 35 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 3 закони и 192 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 9
  • Број на излагања на пленарна седница: 8 дискусии на пленарна седница, 6 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 8
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/12/15
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/20/127
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 14/0/56/78

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 66.584 денари (со исклучок на месеците јуни и јули кога месечната плата изнесува 66.890 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 466.700 денари или 7.589 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби за 2018 година: 305.955 денари или 4.975 евра
css.php