Димитар Стевананџија

img

Димитар Стевананџија

Пратеник

Биографија

Пратеникот Димитар Стевананџија е член на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е  роден на 3 октомври 1976 година во Прилеп. Стевананџија има завршено студии за професор по македонски јазик и јужнословенски книжевности, Филолошки факултет „Блаже Конески“.

Активности во Собранието:

  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-претседател
  • Комисија за уставни прашања, член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
  • Комисија за образование, наука и спорт, член
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, член

Имотна состојба

6.504 евра
125.935 евра
11.198 евра
488 евра

За пратеникот Димитар Стевананџија на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција се достапни две имотни листи.

Имотна листа 1:
Пратеникот Димитар Стевананџија има стан од 44.634 евра за кој не е наведена локацијата. Тој има моторно возило Фолксваген Голф 6 вредно 9.756 евра и неколку акции и дивиденда. Неговата сопруга има девизна штедна книшка од 6.900 евра. Заедно тие поседуваат куќа во Прилеп вредна 32.520 евра. Родителите на Стевананџија имаат куќа, исто така во Прилеп, вредна 48.780 евра. Вкупен износ: 142.815 евра.

Имотна листа 2:
Пратеникот Димитар Стевананџија има куќа од 48.780 евра во Прилеп и стан од 44.634 евра во Скопје. Тој поседува моторно возило Фолксваген Голф вредно 6.504 евра, акции и кредит од 3.967 евра. Неговата сопруга има девизна штедна книшка од 7.100 евра и земјоделско земјиште од 488 евра. Заедно тие поседуваат куќа со двор во Прилеп, вредна 32.520 евра.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 25 пати
  • Број на отсуства: 30 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 2 закони и 161 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 9 дискусии на пленарна седница, 23 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 9
  • Работни тела член/присуство/одржани: 3/7/23
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/4/23
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 30/0/19/19

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.)

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 70.021 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 490.147 денари или 7.970 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 387.372 денари или 6.299 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 354 евра

 

css.php