Драган Тевдовски

img

Драган Тевдовски

Министер за финансии

Биографија

Драган Тевдовски е роден на 21 јануари 1979 година во Скопје. Тој е женет и има три деца. Средно училиште завршил во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а своевремено настапувал за младинската школа на ФК Вардар и за кадетската репрезентација на Македонија. Магистрирал статистичка анализа на Економскиот факултет при Универзитетот во Белград во 2006 година а во 2010 станал доктор по економски науки на Економскиот факултет во Скопје. Во 2013 – 2014 година, остварува постдокторски студиски престој на CREATES, Aarhus University во Данска, во областа на економетријата. На универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се вработил во 2002 година како асистент, а од 2015 работи како вонреден професор на катедрата за математика и статистика.

Имотна состојба

28.000 евра
69.587 евра
20.499 евра
Министерот Драган Тевдовски има стан во Скопје вреден 67.301 евра, моторно возило „Тојота Рав“ вредно 28.000 евра и гаража во Скопје во износ од 2.286 евра.

Неговата сопруга има девизен депозит  од 20.499 евра.

Вредноста на имотниот лист на Драган Тевдовски изнесува 118.086 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција.

Истражувања

Во истражувањето на СКУП од ноември 2018-та година, ШЕСТТЕ НАЈБОГАТИ МИНИСТРИ ТЕЖАТ 35 МИЛИОНИ ЕВРА, се открива дека министерот Тевдовски го нема пријавено имотот на своите родители.

Активности

Извештај за реализирани активности во 2018 година.

МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.792 денари

Потрошени средства за службени патувања на Драган Тевдовски во периодот јануари – јули 2018 година.

Податоци од одговорот по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер за фотокопии од изводите од службените картички на министерот и заменик министерот во период од јануари до јули 2018-та година.

Министерот Драган Тевдовски, според Алатката за отчетност на трошоците на носителите на јавните функции, во 2018-та година, до месец мај, има потрошено 625.027 денари, и тоа:
– Авионски карти: 216.370 денари
– Дневници при патување во странство: 63.699 денари
– Јавен превоз: 6.363 денари
– Трошоци за мобилен телефон: 8.764 денари
– Угостителски услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти: 65.802 денари
– Угостителски услуги во странство: 10.715 денари
– Угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите: 63.106 денари
– Хотелско сместување во странство: 190.208 денари

css.php