Драган Цуклев

img

Драган Цуклев

Пратеник

Биографија

Пратеникот Драган Цуклев е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тој роден на 17 август 1973 година  во Гевгелија. Цуклев има завршено Економски факултет.

Активности во Собранието:

  • Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, заменик-претседател
  • Комисија за финансирање и буџет, член
  • Комисија за економски прашања, член
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член
  • Комисија за здравство, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, член

Имотна состојба

14.797 евра
40.000 евра

За пратеничкот Драган Цуклев на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција се достапни две имотни листи. Единствената разлика е во моторното возило Фолксваген голф кое е дополнето/отстрането од листата.

Пратеникот Драган Цуклев има две моторни возила, Киа Рио од 1.463 евра и Фолксваген голф од 11.870 евра како и девизна штедна книшка од 40.000 евра. Неговите родители поседуваат трактор ИМТ вреден 1.463 евра и земјиште и куќа во с.Миравци за кое не е наведена вредноста.

 

 

Истражувања

Во истражувањето на СКУП – ПРАТЕНИЦИ: ПОЕВТИНО ДО ДУБАИ ОТКОЛКУ ОД ОХРИД ДО СКОПЈЕ, според податоците на собраниската сметководствена служба, во првите 11 месеци на 2014 година за патни трошоци на пратениците се исплатени 60.302.260 денари (околу 1 милион евра). Овие трошоци се направени од мај 2013 година до септември 2014. Само да споменеме дека во 2014 година имаше избори и 2-3 месеци Собранието не работеше.

Рекордер во наплатата на патните трошоци е пратеникот од Гевгелија, Драган Цуклев – во 2014 година наплатил 1,5 милиони денари (околу 25.000 евра).

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

 

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 25
  • Број на отсуства: 30 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 4 закони и 7 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 9 дискусии на пленарна седница, 14 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 11
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/10/30
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 3/3/8
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 14/0/43/21

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 71.320 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 499.240 денари или 8.118 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 410.343 денари или 6.672 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 199 евра

 

css.php