Едмонд Адеми

img

Едмонд Адеми

Министер без ресор задолжен за дијаспора

Биографија

Едмонд Адеми е роден 29 јуни 1975 во Тетово.
Дипломирал на институт за социологија на „Филозофскиот факултет“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од јуни 2002 до октомври 2005-та работи во Европската агенција за реконструкција, прво како помошник портпарол на агенцијата, а подоцна и како портпарол на агенцијата.

Од октомври 2005 до август 2006-та година, работи како политички советник на министерот за одбрана на РМ.

Од септември 2006 до март 2009-та работи во Амбасадата на САД во Скопје, прво како специјалист за медиуми и јавна дипломатија, а подоцна и како асистент на двајца амбасадори на САД во Македонија – Џилијан А. Миловановиќ и Филип Рикер.

Од март 2009 до јануари 2011-та година работи како надворешен специјалист за
политичка комуникација за Американската консултантска куќа „Пен Шоен Берланд“ од Вашингтон.

Од 2011 до 2015-та година е извршен директор на Институтот за политички и економски истражувања „Либерта“ – Скопје. Од март до јуни 2016-та година е именуван за специјален советник на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со задача за координација на активностите на министерството со меѓународната заедница за справување со мигрантската криза.

На 31 мај 2017 е избран за министер без ресор во владата на Република Македонија, а на 5 јуни истата година е назначен за министер за односи со дијаспора.

Имотна состојба

15.324 евра
5.000 евра
63.119 евра
Министерот Едмонд Адеми пријавил лизинг од 9.406 евра и автмобил „Тојота Корола“ од 15.324 евра.

Неговата сопруга има штедна книшка со 25.526 евра и друштво за консалтинг „ИМПАКТА“ ДООЕЛ во кое има 5000 евра влог.

Како заеднички имот, Адеми со сопругата има пријавено преддоговор за купопродажба на недвижен имот вреден 28.191 евра.

Вредноста на имотниот лист на Едмонд Адеми изнесува 78.443 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција. 

Од кабинетот на Едмонд Адеми во изјава за СКУП на 8.11.2018 година информираат дека единствената промена е во делот  на Банкарски депозити – имот на брачен партнер.

„Во оваа ставка има измена односно сумата од 1.569.841 денари, е намалена и изнесува 1.195.442 денари. Во оваа ставка измената е и во банката во која стои депозитот, односно место во Халк Банкадепозитот стои во НЛБ Тутунска банка.“ – изјавија од кабинетот на министерот Адеми.

css.php