Елвин Хасан

img

Елвин Хасан

Министер без ресор задолжен за странски инвестиции

Биографија

Елвин Хасан е роден на 10.4.1985 година во Штип, Репбулика Македонија. Додипломски студии завршил по Одделенска настава на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“. Постдипломски студии и докторат завршил по Менџамент во образованието на Институтот за педагогија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Постдокторските студии ги завршил во јануари 2016-та година на Институтот за образовни науки при Универзитетот „Анкара“.

Во периодот од 1.9.2007 до 2.8.2017 бил одделенски наставник на турски јазик во ПОУ с.Коџалија-Аликоч Радовиш, а во периодот 15.2.2013 до 15.6.2013 бил асистент на групата на турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Стручњак од пракса, група за одделенска настава на турски јазик на Педагошкиот факултет „Климент Охридски“ во Скопје бил од 15.2.2015 до 15.5.2015 година.

Хасан во периодот 2011-2013 бил потпретседател на невладината организација „УФУК“, а подоцна, од 2013 до 2016 е секретар. Во 2016-та станува претседател на истата организација. Од 2012 до 2014 бил главен и одговорен уредник на списанието „Уфук на македонски јазик“, а од 2014 до 2015 бил главен и одговорен уредник на списанието „Уфук Дергиси“ на турски јазик. Колумнист е во списанијата „имза“ од Призрен, Република Косово и списанието „Кузеј“ од Лефкоша, Турска Република Северен Кипар. Од 2016-та година е главен и одговорен уредник на порталот и е-списание „Хабер Македонија“.

Тој на 26 декември 2018 година стапува на функцијата министер без ресор на местото на Аднан Ќахил. Хасан доаѓа од позицијата заменик директор на Државниот испитен центар. 

Имотна состојба

5.300 евра
43.089 евра
8.985 евра
96.025 евра

Елвин Хасан изјавил дека поседува автомобил БМВ 320 Д 2002/2016 вреден 4.715 евра и два девизни депозити кои се стекнати на друг начин. За истите не е наведена валутата, но наведени се сумите, 14.004 и 6.593. Останатиот имот припаѓа на неговите родители. Тие поседуваат автомобил Опел Вектра 1.7 Д 1994/2007 вреден 585 евра, кредит од 8.130 евра и платежна картичка со 520 евра. Имаат едно градежно земјиште во Штип кое е проценето на 90.000 евра, две куќи од 12.195, односно 25.016 евра и двор од 4.878 евра. Родителите на Хасан поседуваат осум земјоделски земјишта во село Подареш вредни 5.984 евра и еден „непрецизиран имот“ од 260 м2, како што е наведено во имотниот лист на Хасан, а е вреден 40 евра.

Вредноста на имотниот лист на Елвин Хасан изнесува 153.400 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната изборна комисија за спречување корупција. 

css.php