Елизабета Канческа Милевска

img

Елизабета Канческа Милевска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Елизабета Канческа Милевска е родена на 30 јуни 1970 година во Велес. Во 1989 година го завршува средното образование во гимназијата „Јосип Броз Тито” – Скопје, културолошка насока. Во 1993 година дипломирала на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, група социологија. Во 2005 година магистрирала на постдипломските „Европски студии за интеграција и комуникации” на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, на тема „Општествената заштита на културното наследство во контекст на културната политика на РМ и процесот на интегрирање во ЕУ“ и се здобива со звањето магистер по „Европски студии за интеграција и комуникации“. Во февруари 2012 година докторирала на Филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на темата „Европскиот културен модел и културно-интеграциската политика на Република Македонија“.

Активности во Собранието:

  • Национален совет за евроинтеграции, заменик-член;
  • Комисија за надворешна политика, член;
  • Комисија за култура, член;
  • Комисија за европски прашања, заменик-член;
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија, член.

 

Имотна состојба

18.537 евра
342.400 евра
29.268 евра

Канческа Милевска пријавила дека поседува стан во Охрид вреден 32.000 евра и дел од куќа во Скопје вреден 90.000 евра. Таа има и накит вреден 29.268 евра.
Нејзиниот сопруг поседува стан во Скопје вреден 56.000 евра, две моторни возила Фолксваген Голф 6 и скутер Пиаџо вреден 4.878 евра.
Братот на Канческа Милевска поседува дел од куќа во Скопје, вреден 96.000 евра, додека пак нивните родители поседуваат куќа со двор вредна 68.400 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Елизабета Канческа Милевска изнесува 390.205 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Медиумска изложеност

СКУП истражувше и пишуваше за трошоците на Канческа Милевска додека беше министерка за култура.

 

Досие

Пратеничката Елизабета Канческа Милеска е осомничена во истрагата за предметот со кодно име „Тендери“ во која е поднесен обвинителен акт против 3 лица за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 23 
  • Број на отсуства: 31 оправдани и 1 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 1 закони и 0 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница:  0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 1
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/5/17
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 3/1/29
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 4/0/19/9

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 68.736 денари
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 481.152 денари или 7.824 евра.
css.php