Емилија Александрова

img

Емилија Александрова

Пратеник

Биографија

Пратеничката Емилија Александрова е родена на 29 јуни 1975 година во Берово. Александрова има завршено студии на Факултетот за безбедност при Универзитет „Св.Климент и Наум Охридски“.

Активности во Собранието:

  • Комисија за одбрана и безбедност, член;
  • Комисија за надворешна политика, член;
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член;
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член;
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, член;
  • Клуб на пратенички, член на претседателство.

 

Имотна состојба

5.854 евра
68.683 евра
976 евра

Емилија Александрова пријавила дека поседува земјиште од 24.061 м2 во Берово за кое не е наведена вредноста. Таа има и автомобил Голф 5 вреден 5.854 евра. Нејзиниот сопруг располага со куќа со деловен простор во Берово вредна 68.683 евра и во текот на годината, како што е наведено во имотниот лист, зема рента од 976 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Емилија Александрова изнесува 75.512 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Медиумска изложеност

Независната пратеничка Емилија Александрова во февруари 2019-та не сакаше да ја коментира информацијата што излезе во јавноста, за вработувањето на ќерка си Сара Александрова во Фондот за иновации и технолошки развој.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 76 
  • Број на отсуства: 35 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 3 закони и 78 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 3
  • Број на излагања на пленарна седница: 6 дискусии на пленарна седница, 6 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 12
  • Работни тела член/присуство/одржани: 8/15/40
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/4/110
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 14/0/38/59

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 66.276 денари (со исклучок на месеците јуни и јули кога земала плата од 66.584 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 464.548 денари или 7.554 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 776.598 денари или 12.628 евра.
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 9.270 денари или 151 евро.
css.php