Емил Димитриев

img

Емил Димитриев

Пратеник

Биографија

Пратеникот Емил Димитриев е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден на 19.3.1979 во Пробиштип. Димитриев е дипломиран социолог, Филозофски факултет УКИМ.

Македонски конзервативен политичар, социолог и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Димитриев бил назначен за привремен премиер на Македонија на 18 јануари 2016 година, по предвидената предизборна оставка на Никола Груевски од местото, како дел од Пржинскиот договор. Мандатот на Димитриев како привремен премиер завршил на 1 јуни 2017 кога за премиер бил изгласан Зоран Заев.

Активности во Собранието:

  • Национален совет за евроинтеграции, член
  • Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, претседател
  • Комисија за одбрана и безбедност, член
  • Комисија за надворешна политика, член
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член
  • Комисија за европски прашања, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), шеф на Делегација
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член

Имотна состојба

9.730 евра
100.000 евра
211.332 евра
48.780 евра
3.252 евра
2.439 евра
7.967 евра

Пратеникот Емил Димитриев изјавил дека има две моторни возила Jeep Grand Cherokee од 3.551 евра и Опел Астра од 6.179 евра. Тој поседува оружје и тоа: Ремингтон-полуавтоматска пушка 2009/2010,Оружје „Merkel RX Helix black” 2017, бокерица бајкал 1990/1998,Карабин-маузер 1970/2011 и Оружје „Franchi Affinity” -/2017, сите вредни 7.967 евра. Димитриев има и уметнички слики вредни 3.252 евра и три денарски штедни книшки од 38.395 евра. Тој има и преддоговор за купопродажба на стан во Кисела Вода вреден 123.097 евра и анекс Договор бр.01 кон основниот преддоговорвреден 7.528 евра. Сопругата на Димитриев има плата од 358 евра и накит вреден 2.439 евра, како и четири денарски штедни книшки во износ од 22.709 евра. Неговите родители имаат денарска штедна книшка од 7.317 евра, земјоделско земјиште вредно 48.780 евра во Пробиштип, куќа од 100.000 евра во Пробиштип, две пензии една 220 и 140 евра месечно и заштеда од 7.317 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Емил Димитриев изнесува 383.501 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 18
  • Број на отсуства: 37 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 1 закони и 41 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 1
  • Број на излагања на пленарна седница: 1 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 3
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/3/25
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/0/11
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 2/0/10/10

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 69.695 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 487.865 денари или 7.933 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 58 евра
css.php