Жаклина Лазаревска

img

Жаклина Лазаревска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Жаклина Лазаревска е родена на 3 ноември 1964 година во Охрид. По професија е дипломиран математичар-информатичар, при Природно математичкиот факултет во Скопје.

Активности во Собранието:

  • Комисија за образование, наука и спорт, претседател;
  • Комисија за локална самоуправа, заменик-претседател;
  • Комисија за труд и социјална политика, член;
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската федерација, член.

Имотна состојба

9.756 евра
194.667 евра
65.187 евра

Жаклина Лазаревска изјавила дека поседува имот во село Белчишта и село Песочани за кои нема наведено вредност. Освен тоа, поседува стан во Скопје вреден 73.171 евра, автомобил Фолксваген Поло вредно 1.951 евра и два кредита од 46.000 евра односно 14.309 евра.

Според доставениот имотен лист до ДКСК, нејзиниот сопруг поседува градежно земјиште, пасиште и две земјишта под објект во село Вишни, Струга за кои не е наведена вредноста во имотниот лист. Во Охрид, тој има два помошни објекти од 6.504 евра односно 14.992 евра. Освен имотот, поседува и автомобил Фолксваген Пасат вреден 2.927 евра.
Децата на Лазаревска имаат автомобил Ауди А4 и кредит од 4.878 евра.

Вредноста на пријавениот имот од страна на Лазаревска изнесува 269.610 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Жаклина Лазаревска во изјава за СКУП во ноември 2018 година потврди дека тоа е нејзината имотна листа и во неа нема промени.

„Таму каде што немам вредност навистина не знам колку вреди бидејќи не сме побарале процена на пазарната вредност. Всушност тоа се претежно делови од ниви, шуми, градежно земјиште а се наследство  кое и јас и сопругот го имаме добиено од своите починати родители во атарите на с. Вишни Струшко и  с.Белчишта во општина Дебрца (истиот го делиме со други наследници што лесно може да се провери со нашите  имотни листови доставени до институциите при моето пријавување на имотната состојба)“ – изјави пратеничката Лазаревска.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 110 
  • Број на отсуства: 1 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 14 закони и 26 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 9
  • Број на излагања на пленарна седница: 3 дискусии на пленарна седница, 32 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 38
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/40/47
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/4/7
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 207/0/416/236

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 71.506 денари 
  • Во период од јануари до јули вкупно земалa: 500.542 денари или 8.139 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 505.863 денари или 8.225 евра.
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 11.990 денари или 195 евра.
css.php