Жаклина Пешевска

img

Жаклина Пешевска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Жаклина Пешевска е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Таа е родена на 7 август 1978 година во Скопје. Има завршено високо образование, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Технолошко – металуршки факултет.

Активности во Собранието:
• Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, член
• Комисија за труд и социјална политика, член
• Комисија за европски прашања, заменик-член
• Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
• Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, член
• Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, член

Имотна состојба

 

3.627 евра
15.000 евра
137 евра

Пратеничката Жаклина Пешевска изјавила дека има стан во Ѓорче Петров 15.000 евра и надоместок за трето дете во износ 137 евра месечно. Нејзиниот сопруг има две моторни возила, Рено Сцаентик 2.927 евра и Цитроен саксо вреден 700 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Жаклина Пешевска изнесува 18.763 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Промена на имотна состојба забележана на 18.1.2019 година:
Покрај горенаведеното, на имотната состојба на пратеничката Жаклина Пешевска е додаден автомобил Форд Куга 2.0 ТДЦИ вреден 3.866 евра, кредит од 7.316 евра и префрлени средства од родинина од странство во износ од 19.996 евра.

 

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 22
  • Број на отсуства: 32 оправдани и 1 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 1 закони и 28 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 1 дискусии на пленарна седница, 2 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 2
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/11/23
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/9/28
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 11/0/38/18

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.659 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земалa: 459.613 денари или 7.473 евра
css.php