Зеќир Рамчиловиќ

img

Зеќир Рамчиловиќ

Пратеник

Биографија

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е роден на 16 март 1975 година во Долно Коњари. Тој по професија е доктор доцент на Институтот за национална историја.

На локалните избори во Македонија во 2013 година бил избран за Советник во Општина Петровец од Група граѓани. Рамчиловиќ e Подпретседател на Здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија „АВАЗ“. На Парламентарните избори во 2016 година, бил избран за пратеник од АВАЗ во Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член;
  • Комисија за образование, наука и спорт, член;
  • Комисија за локална самоуправа, член;
  • Комисија за труд и социјална политика, заменик-член;
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, член.

Имотна состојба

2.634 евра
39.512 евра
7.804 евра
7.804 евра

Зеќир Рамчиловиќ има изјавувано дека поседува имот во Долно Коњари и тоа две куќи вкупно вредни 39.517 евра, земјиште проценето на 2.926 евра и автомобил Голф 5 вреден 2.634 евра. Тој има и кредит од 7.804 евра. Неговите родители располагаат со земјоделско земјиште во Долно Коњари, вредно 4.878 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Зеќир Рамчиловиќ изнесува 57.754 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ во Централниот регистар на Република Македонија е регистриран како сопственик на Здружение за културно обединување на Бошњаците од Македониај АВАЗ Скопје, Здружение за култура, заеднички вредности и одржлив развој ДИВАН Долно Коњари Петровец и Фудбалски клуб ДОЛНО КОЊАРИ-Долно Коњари, Петровец.

Во изјава за СКУП, Рамчиловиќ за фудбалскиот клуб Долно Коњари изјави:

„Со цел развој и популаризација на спортот во помалите рурални средини со група пријатели и љубители на фудбалот во 2013 г. го формиравме ФК Долно Коњари. Јас сум еден од основачите на клубот кој во тој период ги понесе организациските и техничките работи за формирање на истиот. Денес, за жал поради обврските кога имам време одам на утакмица за да им дадам подршка како и секој друг навивач и пред се жител на Долно Коњари“.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 74
  • Број на отсуства: 37 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 3 закони и 28 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 5
  • Број на излагања на пленарна седница: 5 дискусии на пленарна седница, 1 (контра)реплики и 2 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 9
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/10/27
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/17/31
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 12/0/50/41

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 66.276  денари (со исклучок во периодот април-јули кога земал плата од 66.584 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 465.164 денари или 7.564 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 46.885 денари или 762 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 22 евра.
css.php