Зиадин Села

img

Зиадин Села

Пратеник

Биографија

Пратеникот Зиадин Села е член на Движење за реформи на ДПА. Тој е роден на 1 ноември 1972 година во Струга. Образование: Специјалист.

На локалните избори во 2013 Села ја добива градоначалничката функција на градот Струга. На парламентарните избори 2016 година коалицијата предводена од него, Алијанса за Албанците, учествувала на изборите на кои Села бил избран за пратеник во македонското Собрание.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, член

 

Имотна состојба

9.756 евра
76.610 евра
9.972 евра
93.030 евра

Пратеникот Зиадин Села на својата имотна листа има пријавено само личен имот и тоа: земјиште и куќа во с.Ливада во Струга вредни 112.835 евра. Тој исто така во Струга има и шума вредна 59.805 евра. Села поседува моторно возило Јагуар С-тајп 2 7Д вредно 59.805 евра. Тој има трансакциска сметка од 53 евра и кредит од 9.919 евра.

Вредноста на пријавениот имотот на Зиадин Села изнесува 192.367 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеникот Зиадин Села, во Централниот регистар на Република Македонија е наведен како претседател со неограничени овластувања на АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ Тетово.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 73 
  • Број на отсуства: 33 оправдани и 5 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 84 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 3 дискусии на пленарна седница, 2 (контра) реплики и 1 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 1
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/0/11
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/4/10
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 8/0/19/14

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 66.276 денари (со исклучок на месец јули кога земал плата од 66.584 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 464.240 денари или 7.549 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби за 2018 година: 246.362 денари или 4.006 евра.
css.php