Зоран Заев

img

Зоран Заев

Претседател на Владата на Република Македонија

Биографија

Зоран Заев е роден на 8 октомври 1974 година во Струмица. Тој е женет и има две деца.

Во 1997 година, Заев дипломирал на Економскиот факултет на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ каде што продолжил со постдипломски студии по монетарна економија и финансии.

Член е на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) е од 1996 година, а од 2003 до 2005 година е пратеник во Собранието на Република Македонија.

Во 2005 година, Заев бил градоначалник на Струмица.
Во 2006 година е избран за потпретседател на Централниот комитет на СДСМ, а во 2008 година стана в.д. претседател на Партијата. Од 2013 година, Заев е лидер на СДСМ.

Во февруари 2015 година, тој го започна проектот „Вистината за Македонија“, објавувајќи го прислушкуваниот материјал со кој беа откриени криминалните активности на владата предводени од Груевски.

По „Пржинскиот договор“ и парламентарните избори во 2016 година, проследен со тежок период на политички превирања, вклучувајќи го и насилниот инцидент во Парламентот на 27 април, на 31 мај 2017 година, Зоран Заев беше избран за премиер на Република Македонија

 

Имотна состојба

390.000 евра
299.085 евра
40.000 евра
Премиерот Зоран Заев на свое име пријавил дека поседува само побарувањето од 69.919 евра.

Орочениот девизен депозит од 7.243 евра е на неговата сопруга, додека пак, 26.801 евра им припаѓаат на децата.

Куќата, деловниот простор, станот во Струмица, земјоделското земјиште во Муртино и акциите, вкупно вредни 625.122 евра припаѓаат на неговите родители.

Вредноста на имотниот лист на Зоран Заев изнесува 729.085 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција.

 

Медиумска изложеност

Дневниот весник Вечер пишуваше дека Заев, на 3-ти август 2008 година, бил аболициран од тогашниот претседател на држава и негов сопартиец Бранко Црвенковски. Заев беше обвинет за изградбата на трговскиот центар Глобал во Струмица, за кој подоцна Врховниот и Управниот суд одлучија дека нема криминал.

Заев беше обвинет и во случајот „Поткуп“, каде се тврдеше дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од над 160 илјади евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште. Но, во мај 2018 година Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев.

 

css.php