Зоран Илиоски

img

Зоран Илиоски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Зоран Илиоски е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден на 28 октомври 1962 година во Битола. Илиоски е дипломиран електро инженер на Електротехнички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Активности во Собранието:

  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-претседател
  • Законодавно-правна комисија, член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, член
  • Комисија за финансирање и буџет, заменик-член
  • Комисија за економски прашања, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република, член

Имотна состојба

22.228 евра
111.945 евра
170.593 евра
5.854 евра
1.951 евра

Пратеникот Зоран Илиоски изјавил дека има заем од 9.268 евра, два кредити од 15.000 и 16.000 евра и плата за која нема податок за износ. Неговата сопруга има земјоделско земјиште во Битола вредно 5.854 евра, благородни метали вредни 1.951 евра, моторно возило Шкода Фабија вредно 6.228 евра, плата без наведен износ, кредит од 10.000 евра, лизинг од 8.000 евра и основач на ДООЕЛ 2.439 евра. Заедно со сопругата, Илиоски има деловен простор вреден 9.018 евра, три стана, два во Битола и еден во Скопје, трите вредни 102.927 евра, акции, побарување по основ на даден заем од 7.317 евра и два заеми од 6.016 и 6.504 евра. На имот на деца има наведено само плата без наведен износ.

Вредноста на пријавениот имот на Зоран Илиоски изнесува 312,571 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

 

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 24
  • Број на отсуства: 31 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 2 закони и 62 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 3
  • Број на излагања на пленарна седница: 5 дискусии на пленарна седница, 10 (контра) реплики и 2 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 12
  • Работни тела член/присуство/одржани: 3/12/83
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 3/8/36
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 9/0/23/20

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 73.597 денари (со исклучок на месеците мај, јуни и јули кога месечната плата изнесувала 73.922 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 516.479 денари или 8.398 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 489.682 денари или 7.962 евра
css.php