Зоран Шапуриќ

img

Зоран Шапуриќ

Министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија

Биографија

Зоран Шапуриќ е роден во 1958 годинаво Ниш. Ги зборува  јазиците од регионот, англискиот и пасивно владее германски јазик.

Шапуриќ дипломирал на Правниот факултет, магистрирал и докторирал политичко-правни науки на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Има положено правосуден и нотарски испит, доцент е, вонреден и редовен професор на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје.

Во досегашната кариера Шапуриќ бил министер за животна средина и просторно планирање, пратеник во Собранието на Република Македонија, претседател на собраниска комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и член на други собраниски комисии, член на собраниска делегација во Собранието на Западно европска унија и НАТО.

Работел и во Уставниот суд на Македонија како виш стручен соработник, бил помошник генерален директор во МЗТ комерц и заменик на генералниот директор во ЈП „Паркови и зеленило Скопје“.

Имотна состојба

3.414 евра
95.934 евра
270.496 евра
Министерот Зоран Шапуриќ пријавил дека има два стана во Скопје вкупно вредни 78.021 евра и автомобил „Хјундаи 1.6“ вреден 1.463 евра. Со сопругата заедно поседуваат стан во Скопје од 17.886 евра.

Шапуриќ има 8 акции во висина од 5.350 евра, две штедни книшки со 4.000 евра, една платежна картичка со 4.000 евра, две трансакциони сметки 7.808 евра и 17 орочени девизни депозити со вкупен износ од 212.592 евра. За нив, Шапуриќ не навел основ на стекнување. Тој исто така, поседува и 10.000 швајцарски франци и 14.000 американски долари.

Месечната плата на Шапуриќ изнесува 992 евра. За разлика од него, неговата сопруга зема месечна плата од 553 евра. Таа поседува и автомобил „Сеат Ибица 1.4“ вреден 1.463 евра.

Вредноста на имотниот лист на Зоран Шапуриќ изнесува 369.843 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција. 

Зоран Шапуриќ во изјава за СКУП на 8.11.2018 година потврди дека тоа е неговата имотна листа и во истата нема промени.

css.php